Делев: Зголемувањето на даноците преку ноќ е апсурд во економијата

Поранешниот министер за економија, Христијан Делеввели дека зголемувањето на данокот како што го планира новата влада, е вистински апсурд во економијата.-Нам ни требаа повеќе од 4 години да креираме производ што се вика Македонија и што го нудевме пред странските инвеститори. Сега овие луѓе би требало тој производ да го промовираат, но како ќе го промовираат кога сите тие атрибути што досега ги правевме се ставаат на страна, се креира нова даночна политика. Како што бевме ние четврта конкурентна економија во светот и да кажеме прва во Европа и пошироко. Со зголемувањето на данокот за 32 проценти, ние стануваме 50-та, 60-та држава и никој нема да сака така да доаѓа да инвестира во Македонија заради зголемувањето на даноците за повеќе од 30 проценти, што е апсурд во економијата преку ноќ за толку да се зголемат даноците, изјави Делев.
Тој кажа дека ако продолжи со вакви антиреформи новата влада, ќе треба да заборавиме на странски инвестиции.
-Целиот тој процес ќе се стопира со таков тим и со такви мерки, а тоа ќе го искористат земјите во опкружувањето. Ако продолжат со такви антиреформи мислам дека ќе треба да заборавиме дека некоја компанија отворила свој капацитет во Македонија, изјави Делев.
Делев вели и дека во економијата нема ништо бесплатно, радиодифузната такса вели дека е донесена согласно сите европски регулативи и директиви што беа усвоени.
-Укинувањето на радиодифузната такса и нејзино директно финансирање од владата би значело дополнително влијание врз политичкото уредување на јавниот сервис. Карактерот за јавен сервис ќе се избрише, а тие 15, 20 милиони евра што треба да и се доделат ќе треба да се надополнат од некаде, а тоа значи зголемување на даноците во Македонија за да може да се плати тоа. Ова една мерка која не е паметно да се воведе, бидејќи на крајот од денот повторно ние ќе го платиме тоа, изјави Делев.-Нам ни требаа повеќе од 4 години да креираме производ што се вика Македонија и што го нудевме пред странските инвеститори. Сега овие луѓе би треба

Пронајдете не на следниве мрежи: