Културно-уметничкиот центар „Битрикс“ веќе петта година активно работи на полето на модерните танци, преку остварување и вклучување во повеќе различни проекти, како од уметнички, така и од натпреварувачки карактер. Имено, членовите на „Битрикс“ се повеќекратни државни и интернационални прваци, а најново и најголемо признание за нивната работа е вицешампионското место на Светското првенство во модерни танци, ESDU World Dance Masters. Исто така, тие се познати и по креирањето на првата хип-хоп претстава “Издигнување”, чија премиера беше на Танц Фест 2013 год. и истата беше прифатена одлично од публиката и критиката.
По три години континуирано вложување и надградување, тројцата млади кореографи од „Битрикс“, Ивана Балабанова, Леонардо Хусини и Дејан Битровски, создадоа ново дело наречено „Делови“, каде во парчиња од петнаесет минути, секој од нив на свој начин раскажува сопствена приказна. Имено, обработувајќи различни теми и служејќи се со различни концепти и приказни, како и различни методологии и техники, тие создадоа еден мултимедијален проект за кој се надеваат дека нема да ја остави публиката рамнодушна. Трите дела во претставата: Леонардо Хусеини – КОНЕКТ; Дејан Битровски – П.А.Н.Г.Т.Е.О и Ивана Балабанова – (3/∞), се создадени преку еден процес на заедничка соработка и комуникација, при што кореографите користејќи ги телата на танчерите како медиум, ги искажуваат своите емоции на среќа, возбуда, тага, револт, огорченост, осаменост и сплотеност .
Имено, членовите на „Битрикс“ се повеќекратни државни и интернационални прваци, а најново и најголемо признание за нивната