Европските акции ослабнаа во средата под притисок на слабите деловни резултати и консолидација на неодамнешниот нагорен тренд, а меѓу губитниците се издвои комуналниот сектор. Лондонски FTSE падна за 0,86 отсто на 6.454 поени, франкфуртски DAX порасна за 0,03 на 7.968 поени, додека париски CAC беше во минус 0,17 отсто и изнесуваше 3.833 поени. Италијанската комунална компанија Enel, компанијата за вработување Adecco, британската безбедносна групација G4S и шпанскиот моден синџир Inditex се наоѓа меѓу компаниите, чии акции паднаа по објавата на деловните резултати Најмногу во минус беше италијански Enel, чија акција падна за 5,6 отсто, откако извести за пад на добивката во 2012 година и најави уште помала заработувачка во тековната година. Цената на акцијата на шпанската компанија Endesa, во која Enel има удел од 92 отсто, се намали за 5,1 отсто. Деловните извештаи на комуналните компании спаѓаат меѓу најлошите во тековната сезона, со оглед дека 47 отсто потфрлија во однос на очекувањата. „Тешко е да се очекува позитивен амбиент за комуналниот сектор во овој момент, бидејќи е тешко да се очекува дека владите ќе им дозволат трансфер на било какви трошоци врз потрошувачите. Тој сектор веројатно е со најлоши приноси на пазарот“, вели Кевин Лилеј од компанијата Old Mutual AM. Берзанските индекси се најдоа под притисок и од поголемиот од очекуваниот пад на индустриското производство во еврозоната во јануари и намалување на побарувачката, како и од високите трошоци на задолжување на италијанката аукција на обврзници. Оттука италијанскиот берзански индекс FTSE MIB забележа и најголем пад, ослабнувајќи за 1,8 отсто. „Главен ризик во краткорочна перспектива е изостанок на растот во Европа. На европските берзи им треба пауза во краток рок. Сепак, нивната вредност е прениска гледано од долгорочна перспектива“, вели Пол Џексон, стратег од банката Sosiete Generale
МакфаксЕвропските акции ослабнаа во средата под притисок на слабите деловни резултати и консолидација на неодамнешниот нагоре