Чиревите што се појавуваат во устата можат да бидат многу болни. Обично исчезнуваат по неколку недели, но во еден период тешко ви е да ги миете забите или да јадете. Меѓутоа, постои ефикасен и едноставен третман како да го излекувате ова.
Видовите на чиреви можат да варираат
Чирот се појавува во различни величини. Постојат помали чиреви кои почесто се појавуваат и главен чир кој е поголем и поболен, како и херпетиформен чир кој е предизвикан од инфекција со херпес.
Постојат бројни причини
Овие чиреви можат да бидат предизвикани од проблеми со дигестивниот систем. Слаб внес на витамин Ц, Б12 или железо, исто така можат да бидат едни од причинителите.
Никогаш не гризете ја внатрешноста на устата
Хормонската нерамнотежа може да доведе до појава на чиреви. Стресот, исто така е ризичен фактор, посебно ако се гризат внатрешните страни од образите, како и оралната хигиена.
Консумирање премногу кафе и домати
Верувале или не, ако јадете премногу домати или испиете преголемо количество кафе, устата може да биде загрозена.
Солена вода може да биде решение
Само солена вода помага при инфекции, посебно усни. Помешајте топла вода и така држете околу минута.
Мед како лек
Медот е најпрактична храна. Ќе ги ублажи раните и ќе спречи понатамошна инфекција
Пред нанесување на медот, исплакнете ја устата со топла вода, а потоа нанесете мед на чирот. Повторете неколку пати дневно, како и пред спиење.
Кокосово масло и мед
Помешајте една ипол лажичка кокосово масло со лажица мед. Нанесете на чирот и држете така 40 минути. Повторете така неколку пати дневно.
Лимонов сок и сода бикарбона
Помешајте пола лажичка сода бикарбона со лимонов сок – ова може да предизвика пецкање, но ќе направи чирот да исчезне за само неколку дена.
Природен спреј за трнење
Земете две лажички масло од грозје и додајте еукалиптус или пеперминт и претурете во шишенце со спреј.
Протресете го шишето и прснете на загрозеното место, на овој начин, маслото ќе ги излекува нервните завршетоци.
Третман со босилек
Потребно е да џвакате босилек пет минути, шест пати секој ден. Потоа, испијте малку вода, исплакнете ја устата и плукнете.