Министерот за внатрешни работи Митко Чавков, побара јавно извинување од портпаролот на ОО на СДСМ од Струмица Костадин Костадинов за изнесените лаги.Интегрален текст од демантот на министерот Чавков
„Јас Митко Чавков од позиција на министер за внатрешни работи на Република Македонија бидејќи јавно бев прозван како функционер во Владата на Република Македонија лично да одговорам за наводната злоупотреба на државен хеликоптер за приватни цели, најостро ги демантирам изнесените лаги, обвинувања и тешки клевети на денешната прес-конференција на општинската организација на СДСМ од Струмица од страна на портпаролот Костадин Костадинов.
Ја уверувам јавноста и најодговорно потврдувам дека ниту денес од позиција на министер за внатрешни работи, ниту пак како директор на Бирото за јавна безбедност не сум имал потреба да користам државен хеликоптер за службени цели, а уште помалку истиот да го злоупотребам за приватни цели. Денешниот обид на портпаролот Костадинов не претставува ништо друго освен уште еден од низата неуспешни обиди за манипулирање со јавноста и пласирање лаги и дезинформации со цел мое лично дискредитирање и дисквалификација на мојот професионален ангажман како министер за внатрешни работи.
Во оваа прилика барам јавно извинување од портпаролот на ОО на СДСМ од Струмица Костадин Костадинов за изнесените лаги, обвинувања и тешки клевети на денешната прес конференција, а доколку јавно не го стори тоа од моја страна ќе му биде поднесена тужба за клевета и нарушување на личниот углед и интегритет.“Интегрален текст од демантот на министерот Чавков
„Јас Митко Чавков од позиција на министер за внатрешни работи на Р