Демант на Виста Груп на изјавата на Кирацовски: Одговорно и навремено го реализиравме проектот Интероперабилност

Во насока на објективно информирање на јавноста и во контекст на информациите кои во теккот на вчерашниот ден се појавија во одредени медиуми, а ги објави Г-динот Александар Кирацовски, дополнителен – заменик министер за информатичко општество и администрација, ние како компанија која беше спомената во целото излагање, Виста Груп, ги демантираме објавените информации и изјавуваме дека се работи за неточни и недоволно проверени информации.- Виста Груп е одговорна компанија и како таква совесно одговорно и навремено го реализираше проектот Интероперабилност кој изнесуваше 43.777.888 денари од кои приближно 80 проценти се однесуваат на испорака на опрема и софтверски лиценци, односно висината на проектот изнесува околу 700.000 евра а не повеќе од еден милион како што беше објавено.
Со овој пилот проект се постави основата за електронска размена на податоците меѓу институциите како олеснување за граѓаните на Република Македонија. Активни корисници на овој систем се предвидените институции и истите разменуваат податоци од поставувањето на овој систем до сега.
Сериозно сме изненадени од постапката на дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација за објавување на недоволно проверени информации за еден од најуспешните проекти реализирани во нашата држава без претходно да се обрати до нашата компанија или пак институциите корисници на истите и истите да се проверат.
Следствено, во интерес на вистината, а и во интерес на точно и прецизно информирање на јавноста, изјавуваме дека сите потребни докази за проектот ќе му бидат ставени на увид на заменик министерот, а се надеваме дека тој ќе има доволно доблест потоа и да го изнесе пред јавноста, реагираат од Виста Груп.- Виста Груп е одговорна компанија и како таква совесно одговорно и навремено го реализираше проектот Интероперабилност кој изнесуваше 43.777.888 д

Пронајдете не на следниве мрежи: