Денеска се одржа прес-конференција по повод документарниот филм објавен во јавност, режиран од Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија со единствена цел – дискредитација на компаниите и проектите на Почесниот конзул на Руската Федерација во Република Македонија Сергеј Самсоненко.На прес-конференцијата со демант се обрати Проект менаџерот во канцеларијата на Сергеј Самсоненко, Ратко Капушевски. Ви го пренесуваме во целост обраќањето на Капушевски:
„Иако во нашиот холдинг бевме во дилема дали треба да реагираме на перфидни и ниски имагинации на неискусна група новинари кои режираат подолго време свои фикции и ниту самите не знаат дали веруваат во своите приказни, а имаат наплатени пари од одредени структури кои постепено исчезнуваат од Македонската јавност, а имаат една и единствена цел: Да се наруши угледот и репутацијата на Рускиот почесен конзул Сергеј Самсоненко како и угледот на неговите компании и социјални проекти во РМ.
Дел од бордот на директори во нашата управувачка структура сметаа дека не треба да ја реализираме оваа прес-конференција од причини што немаме за што да се оправдуваме од манипулациите во јавноста, но дел од директорите кои се дел од спортскиот менаџмент ме замолија да конечно реагираме на овие ситни и ниски креации за нарушување на имиџот на г-динот Сергеј Самсоненко.
Денес ве поканивме поради големиот број Македонци поддржувачи и симпатизери на Вардар, а најмногу поради сите татковци и мајки кои ни ја даваат довербата за своите најмили а тоа е бројка од 4000 дечиња во нашата фудбалска и ракометна академија.
Подолг временски период имаме обиди за лична дискредитација на неговото работење и свој личен придонес во интерес за целокупното општествено дејствување. Долго време имаме обиди за напад од новинари кои примаат директна финансиска поддршка од фондации подржани од канцеларијата на СОРОС во Лондон, обиди да директно се оцрни чесното работење на Сергеј Самсоненко.
Најактуелен обид за оцрнување беше видео од 10 мин на ју-тјуб во продукција на СКУП Македонија за кое тие живеат во свој филм дека режирале документарен филм каде ни самите не знаат што сакаат да кажат освен што се трудат да го нарушат имиџот на спортските клубови, фирмите како и капиталните инвестиции од социјално значење за РМ.Долго време во своите глави режираат фикции за офшор фирми и трансакции од Белизе поврзани со некои адреси за кои ниту конзулот ниту една од неговите компании немаат никаква поврзаност а нам ништо од истото не ни е јасно.Го ангажираат и Ване Цветанов да говори за перење на пари а ниту тој не знае што сака да каже, а најинтересно од се е што зборуваат и за опсервација на компанијата во Русија која е во одличен финански прогрес и е во континуитет на развој, а инсуфициентните се обидуваат да презентираат документи од управна постапка , каде не постојат ниту прекршочни ниту кривични импликации на компанијата која по разрешницата завршува во интерес на нашата фирма во Русија.
Дали оваа група новинари која не таргетирала има илузија од финансиите кои ги прима од Сорос од Лондон и смета дека ние Македонската нација сме неписмени и дека ќе веруваме на сето ова а пред само 5 месеци Руската Федерација издаде егзекватура со која го именува Сергеи Самсоненко за почесен конзул во Битола. Драги претставници од Сорос има сериозни стандарди и критериуми во дипломатскиот корпус особено во Руската федерација па затоа малку повеќе едуцирајте се во оваа област пред било какви обиди за девалвација.
Ангажирале и некој поранешен спортски работник со желба да се појави на ТВ кој нема зад себе ниту еден проект за спортот да зборува за правилници и статути кои сигурно не ги прочитал а говори дека лица поврзани со обложување не може да финансират спорт.
Постои процес на лиценцирање на спортски клуб под целосен надзор на фудбалската федерација контролирана од ФИФА и УЕФА каде секоја година се поднесува извештај за потеклото на средствата и компаниите со кои располага спонзорот. Веќе трета година по ред ФК Вардар добива лиценца за натпреварување во државното првенство како и европските натпреварувања што е еквивалентно за женскиот и машкиот ракометен тим на Вардар под надзор на ЕХФ и ракометната федерација.
Најмалку јасен во видеото ми беше Владо Апостолов, новинар од БИРН кој постојано ме контактираше а јас му доставував лично информации. Не можеме да толкуваме дали Владо сака да има дебела сметка или пак сака да шири русофобија во македонската јавност поради приходите од Сорос.Најитересна од сите е Сашка Цветковска која самата себе се нарекува бонд специјал најверојатно заради блиските и чести односи со Борјан Јовановски вон професионалниот ангажман.Таа говори дека имало нетранспарентен тендер од општина Аеродорм за изградба на СЦЈС и дека општината , градот Скопје и државата немаат никаков интерес од овој спортски објект.
Ова е сала на МЗТ скопје и Вардар која генерира загуба а г- динот Самсоненко од свои лични пари ја покрива како што и несебично инветсираше. Овој објект е изграден во целост врз основа на законот за ЈПП каде инвеститор е единствениот понудувач на тендерот, друштвото за спорт и рекреација спортски центар Јане Сандански.
Заради овие манипулации со цел да и стане појасно на Сашка ја поканувам во името на Сергеј Самсоненко да дојде во нашата канцеларија со камера да заедно со Сергеи Самсоненко и директорката на Сц Јане Сандански и директорката на Хотел Руссиа изврши увид на тендерската документација, потеклото на парите и билансите на успех на фирмата а потоа транспаретно да ги објави во јавноста за конечно да и заврши нејзината таканаречена бонд специјал мисија и да почне да се занимава со некој друг наместо со интернационален холдинг кој е оперативен во повеќе држави.Денес во Македонија во групацијата на Сергеј Самсоненко работат 800 лица од кои егзистираат 800 семејства.
По модел на ЈПП беше изградена професионална инфраструктура која е основен постулат за развој на ФК Вардар. Во општина Гази Баба е изграден професионален тренинг центар на клубот, а во градскиот парк фудбалска академија за дечиња до 14 години. Ова не се единствените социјални проекти на Самсоненко. Во Русија во Ростов на Дон постои тениски центар кој подоцна е изграден во Германија во Баденвајлер. Неговите проекти тука не застануваат, следната година ќе започне изградба на тениски центар кој ќе биде лоциран од хотел Руссиа до хотелот Хилтон кој е во фаза на проектирање. Повеќе детали за проектот ќе ви бидат соопштени по моето излагање.
Ние не бегаме од одговори на дилеми од било која структура за таа цел ги молам сите новинари навремено да се обратат до нашиот сектор за односи со јавност каде можат да добијат релевантен одговор.Не беше чесно од страната на СКУП каде во видеото информират дека немаа комуникација со нас. Во прилог ви се сите преписки по електронски пат каде јас лично бев на располагање да придонесам за продукција на филм кој мислев дека е за историјата на Вардар и денешната состојба но никогаш не ми доставија сценарио на филм, туку ми доставија документ од управен спор на кој дадов соодветен одговор.
Сакаа да бидам злоупотребен лично со изјава во тоа смешно видео каде ни самите не знаат што продуцираат.дошол 2006 година во Македонија зборуваат и поврзуваат со доаѓањето на владеачката партија, а е роден 6 години пред Јуриј Гагарин да оди на Месечината , па можеби има нешто и со тоа размислете. Бардовци плаче по вас…Не заборавјте дека спортот го обединува и движи светот, Вардар има голем број поддржувачи кои живеат за клубот, а ве молам во иднина со реални критики каде ние би можеле да промениме нешто, а не обиди за девалвациии и дискредитации заради финансиски поддршки од страна на Сорос.
Ќе повторам оваа мала група на платени новинари од Сорос Лондон имаа за цел да го дискредитираат Рускиот почесен конзул Сергеј Самсоненко каде не успеаја а зад нашите излегувања постојат факти и документи , а позади нивните креации фикции и и имагинации со цел да изнудуваат финансиски средства.“На прес-конференцијата со демант се обрати Проект менаџерот во канцеларијата на Сергеј Самсоненко, Ратко Капушевски. Ви го пренесуваме во целост об