Холивудската актерка Деми Мур бара алиментација од поранешниот сопруг Ештон Качер, според документите за разводот на бракот кои биле поднесени во четвртокот на судот во Лос Анџелес.Ештон Качер, од неодамна ѕвезда на серијата „Два ипол мажи“ на телевизиската мрежа CBS, кој ја наследи улогата на Шарли Шин, предаде барање за развод во декември 2012 година, по повеќе од една година раздвоен живот. Качер и Деми Мур се венчаа во 2005 година, а нивниот брак веднаш стана тема за американските таблоиди, имајќи јa предвид разликата во возраста од 16 години.Барањето за финансиска подршка од Качер е необичен потег на Деми Мур која беше една од најплатените актерки во Холивуд во текот на 1990-те години. Засега не е обелоденето колкава е висината на алиментацијата што ја побарува Мур.Како причина за разведувањето, Качер и Мур ги наведоа непомирливите разлики. Во брак беа шест години а се разведоа откако една жена од Сан Диего изјави за медиумите дека имала куса афера со Ештон Качер.
МакфаксХоливудската актерка Деми Мур бара алиментација од поранешниот сопруг Ештон Качер, според документите за разводо