„ДЕМОКРАТСКИ“ фестивал во Македонија: Исто како во Сирија, Либија и Украина!

Македонија наскоро ќе го почувствува вкусот на американската демократија. Таа ја има честа да се најде на територијата која е стратешки важна и за САД, но и за Русија.Русија, во јануари годинава, одлучи повеќе да не праќа гас до Европа преку Украина, за што цевководот и служеше досега. Украина немаше пари да плати гас, а отвореното непријателство на киевската хунта беше капката што ја прелеа чашата. Русија даде известување дека трајно ќе престане со испорака на гас во 2019 година.
Како алтернатива на украинскиот цевковод, Русија покрена спогодба со Турција за да има на кого да му го продаде својот природен гас. Покрај тоа, Турција се сложи да спроведе гасовод преку Грција до заинтересираните европски земји.
Тука во приказната влегува и Македонија. Најавата на руската спогодба за цевководот, од 12-ти март ја стави оваа земја на нишан на администрацијата на Обама и американскиот Конгрес.
Последниот пат кога Македонија се обиде да соработува со Русија и да увезува природен гас во 2014 година, САД и нивните европски марионети ја уценија Бугарија да ја прекине соработката.

НАТО и невладините организации ја напаѓаат Македонија
Владата на Македонија и нејзиниот лидер мора да ја научат лекцијата. Вообичаените осомничени, т.е. корпоративните медиуми, покренаа приказна за наводна корупција во администрацијата на Никола Груевски. Тужбите и контратужбите само ја разгореа приказната. Но, изгледа како истите тие новинари да заборавиле да спомнат дека корупција имало и по осамостојувањето на Македонија, односно кога СДСМ беше на власт.
Американските невладини организации ги активираа своите присутни демократски кадри за кои плаќа Конгресот на САД. Националното движење за демократија (НЕД), троши стотици илјади долари во Македонија за промовирање на „ангажираноста на граѓаните во легислативна адвокатура и дијалог во јавната политика). Како змии во бара, невладините организации само чекаат знак од Америка за да излезат „на суво“.
Спроти нив, Македонија ја обвини Албанија дека покрена насилство преку етничките Албанци во Македонија. Во нападите врз полицијата во Куманово настрадаа неколку полицајци. Кога Македонија се погрижи за терористите, албанскиот министер за надворешни работи побара истрага за злоупотреба на положбата на полицијата. Тоа е прилично иронично, со оглед на тоа дека Албанија е на врвот во регионот по продажбата на наркотици, но е и место за една од најголемите американски прекуморски бази.

Предвидливо, но ефикасно
Постои едноставна цел на демократскиот фестивал во Македонија, а таа е иста како и во Либија, Сирија и Украина. Главниот човек на челото на власта не соработува, па затоа е време да се воведе „сериозна“ демократија.
Во неделата на 17. мај, десетина илјади демонстранти бараа оставка од премиерот Никола Груевски во Скопје.
Што е следно?
Да се осврнеме на минатото за да добиеме одговор. Во Либија прво имаше протести, а потоа против демонстрантите наводно беше применета воена сила, што предизвика бес кај меѓународната заедница. Во Сирија се појави истото сценарио. Во Украина беше потребен малку поголем напор, но на крај беше спроведено истото сценарио.
Еве во кој правец се движи дестабилизацијата:
– Македонскиот лидер е измамник (без оглед на корупцијата во Македонија и пред неговото владеење),
– САД и ЕУ се загрижени поради активностите на актуелниот лидер,
– Илјадници луѓе се собираат против лидерот „измамник“,
– Зад кулисите се одигрува манипулацијата од страна на САД, ЕУ и невладините организации која резултира со напад на актуелниот лидер,
– Голема гужва, мало крвопролевање и на крај ќе победи „демократијата“.
Сценариото е веќе на пола пат. Можеби ќе има уште неколку варијации. Меѓутоа, сигурно е дека овој тек на настаните ќе претставува порака до сите светски лидери дека мора да соработуваат со силите на „демократијата“ или во спротивно, ќе ја изгубат власта.
Мајкл Колинс (OpEdNews)Русија, во јануари годинава, одлучи повеќе да не праќа гас до Европа преку Украина, за што цевководот и служеше досега. Украина немаше пари да плат

Пронајдете не на следниве мрежи: