Непознати сторители изминатиов викенд влегле во старото медицинско училиште во Тетово и со спреј ги испрскале и вандализирале просториите. Во него настава на македонски јазик изведуваат учениците од тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“.Случајот бил пријавен утринава кога вработените дошле во просториите пред учениците. Освен полицијата увид извршиле и претставници од општинскиот сектор за јавни дејности во чија надлежност е образованието.
Од тетовската полиција информираа дека во објектот било влезено во засега точно неутврдено време откако насилно бил отворен еден од прозорците од западната страна по што сторителите со спрејови во сина и зелена боја ги испрскале и оштетиле ѕидовите, подовите, клупите, столчињата, таблите, книги, апарат за вода и друг инвентар и предмети. Оштетувањата се забележани во речиси сите училници, наставничката канцеларија и кабинетот по информатика.
Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски информираше дека од досега преземените мерки при увидот биле пронајдени определени траги што ќе земерни за вештачење и оти се работи на откривање на идентитетот на можните сторители.Случајот бил пријавен утринава кога вработените дошле во просториите пред учениците. Освен полицијата увид извршиле и претставници од општинскиот с