„Брзо ќе биде готово. Останувањето на улица е твојот најмал проблем. Ќе ги прошириш твоите познанства во Идризово. За возврат, твоите нови пријатели ќе те прошират тебе, т.е. твоето чмарче. Нема веќе лигавење околу тебе и гребење за сношај во стилот на Цане Соколовски, само брутални силувања и тепања, секојдневно, за да памтиш кога си поддржувала багра“.Оваа порака ми пристигна на „Фејсбук“ на 2 март од извесна Славица Петковска, лажен профил на кој нема фотографии, нема пријатели во листа, наменски отворен за да се заканува на неистомисленици. Не можам да кажам дека останав рамнодушна. Ја објавив пораката на „Фејсбук“. Се јави еден од пријателите Зоран С. дека од истата личност добил слична закана. Си реков, којзнае уште колкумина заплашува Славица. Со пријателот Зоран С. почнавме да се шегуваме на наша сметка и да не дозволиме заканите да н` вознемират, за да не живееме во страв дека утре ден некој ќе н` стави во Идризово само затоа што не сме имале исто мислење со него.
Но, се чини дека некои лица уште живеат во времето кога било најнормално за кажано мислење спротивно на KПЈ да се носат луѓето на Голи Оток. А тоа време би требало да остане само во историјата како најтемната дамка на тогашниот комунистички режим. Не би требало да се повтори и времето кога бележаните од УДБА биле оцрнувани, дискредитирани, не можеле да просперираат, не можеле да најдат работа. Ретко кој се дружел со непријателите на државата, нивните деца биле третирани како лепрозни, со еден збор биле психички уништувани. Не би ме изненадило ако лицето што ги праќа пораките има некаква врска со тие поранешни удбашки структури.
Немаше и да ја посветам оваа колумна на овој лик ако с` останеше само на една закана. Од истото лице минатата сабота ми стигна уште една порака со закани, многу пострашни од претходните. Закани по мојот живот и по моето тело. Што значи, лицето не сака да ме остави на мир и сака да го сфатам сериозно.
Пораката ви ја пренесувам во целост:
„Пријави во полиција, а? Kај имбецилите од одделението за компјутерски криминал!? Твојата полиција е во фаза на распаѓање, меѓутоа, плановите во врска со тебе се променети. Ќе бидеш однесена во институција за душевно болни во Kосова, каде што лудаците ќе се изживљаваат врз твоето тело. Се надеваме дека нема да бидеш многу оштетена, бидејќи после тоа идеш у жолтата куќа. Таму ќе престанат сите твои проблеми. Не плаши се, тоа нема да боли. Едноставно, ќе престанеш да постоиш. Но затоа, твоите органи ќе продолжат да живеат во некои други тела. Мозокот не. Иако е ептен испран, премногу е болен за да се постигне добра цена за него“.
Се прашувам до кој степен човек треба да биде луд или полн со омраза за да напише ваква порака? Kаков ли ментален склоп треба да има лице за да му се закани на друг дека ќе му ги вади органите и дека ќе му ги продава?
Ова лице, кое очигледно си има преголеми ментални проблеми, е опседнато со мене и ми дава некоја улога во општеството каква што не верувам дека друг би ми ја дал. Ме доживува како некој фактор од кого зависи дали утре ќе изгрее сонцето или не. Но од пораките може да се забележи дека не се работи за неписмен човек, туку образован кој го владее добро правописот. Kој стои зад овие пораки и кој е ликот Славица Петковска се надевам дека ќе откријат надлежните.
Не дека заканите не станаа секојдневие деновиве откако СДСМ е на чекор до влада, туку таргетирањето од страна на едно лице на друго конкретно лице, со конкретна закана по живот, не смее да се игнорира.
Мојот дедо бил сечен парче по парче за време на Втората светска војна, куќата му била запалена, најмалото дете му изгорело, па не чувствувам омраза кон тие лица кои го извршиле злосторството врз моите блиски. Не можам да разберам како некој има толкава омраза кон мене само затоа што не се согласува со она што јас го пишувам.
А зошто токму вакви закани?
Проблемот на осветољубивите „демократи“, односно ДЕМОНкрати им е што во мојот случај не можат да ми најдат ништо за да поведат некаква постапка против мене. Јас во животот не сум направила никаков криминал. Работам за плата каква што има мнозинството во оваа држава. Живеам скромно како што живее секој во Македонија. Во речиси две децении во новинарство, повеќе сум зијан отколку ќар од професијава. Но, го сакам новинарството и сакам да пишувам. И секако дека и натаму планирам да кажувам што мислам. Некој може да се согласува со мене или не. Но за различно мислење да ми се заканува со убиство, е надвор од умот. За ваква ли демократија зборуваше СДСМ? За ова ли плачеа 10 години? Несомнено тие под демократија подразбираат сите да мислиме како нив. Јас не знам што глумиме? Дајте да го вратиме едноумието во Устав и да завршиме работа! Сите ќе мислиме како KПМ, односно наследникот СДСМ и сите ќе си живееме среќни и весели. Kому треба плурализам?Оваа порака ми пристигна на „Фејсбук“ на 2 март од извесна Славица Петковска, лажен профил на кој нема фотографии, нема пријатели во ли