Демонстрации организирани против Вучиќ во Србија од страна на македонски пратеник

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ вечерва соопшти дека пратеникот Павле Богоевски организирал демонстрации против претседателот на Србија, Александар Вучиќ во Белград.„Кога граѓаните на Македонија организираа протести против Вучиќ, Србија не реагираше никако. Чекајте да ви го прочитам ова. Веско Чачановски, Павле Богоевски, Бранимир Јовановиќ, Замир Мехмеди, сите од Скопје. Тие учествуваа во сите демонстрации и ја помагаа организацијата на протестите против Вучиќ“, изјави Дачиќ, пренесува РТС. 
Министерот за надворешни работи на Србија ова го изјави после интересот на јавноста за присуството на припадник на српската БИА и советник во амбасадата на Србија во Македонија Горан Живаљевиќ во Собранието на Република Македонија за време на настаните од 27-ми април.
МНР на Македонија денеска ја повика на разговор амбасадорката на Србија Душанка Дивјак-Томиќ за да го објасни присуството на Зиваљевиќ во Собранието. Според Дачиќ, нивниот службеник не направил ништо што ја нарушува Виенската конвенција или дипломатскиот протокол, туку бил во Собранието за да идентификува дали граѓани на Србија учествуваат во настаните, за да ги информира и српските власти но и македонските безбедносни агенции доколку би побарале таква информација.
Дачиќ вели и дека Живаљевиќ не извршил никакво дело и не се мешал во внатрешните работи на Македонија, додавајќи дека и Србија не реагирала кога пратеникот Богоевски, Замир Мехмети, Бранимир Јовановиќ и Веско Чачановски организирале протести против Вучиќ во Белград.
Ова е голем срам за угледот на Македонија и македонските пратеници, коментираат познавачите. Според нив, со ваквите активности на пратеници од македонското Собрание се нарушуваат билатералните односи и се директен атак врз една пријателска земја на нашата.
Во друштво на пратеникот Богоевски се и братот на Ермира Мехмети, Замир, познат како еден од маскираните/шарени „командоси“ во т.н. платеничка шарена револуција, како и дежурниот експерт на соросовите медиуми Бранислав Јовановиќ. Сите тие своевремено дивеејќи низ улиците на Скопје работеа на агендата на СДСМ во сценариото за насилна промена на власта во Македонија.
Официјалната изјава на Министерот за надворешни работи на Србија потврдува дека Богоевски, Мехмети и дружината се платени тренирани специјалци за правење неред без оглед на фактите, делата и аргументите, иако се претставуваа како борци за правда, слобода и мир. Очигледно е дека нивната борба нема ништо со вистината, правдата и слободата, туку само за пари и само со пари, коментираат луѓето кои ги следеа од блиску протестите на соросовите невладини и во Скопје и низ регионот кои имаат единствена цел да инсталираат марионетска соросова влада во земјата во која делуваат.
Ако некој имаше дилема дали Павле Богоевски е пратеник или платеник, МНР на Србија ги расчисти сите дилеми. Како овој срам за Македонија ќе влијае врз односите меѓу двете земји останува да видиме. Овој скандал кој го обелодени Дачиќ доаѓа неполни 24 часа откако претседателот на СДСМ Зоран Заев во Брисел изјави дека му се извинил на Вучиќ нарекувајќи го националист неколку недели претходно во интервју за српски Курир. Заев се правдаше дека се работело за изјава дадена после кампања, а таквите изјави, според Заев, често биле давани во невнимание.
Останува да видиме дали можеби и пратеникот на СДСМ Богоевски исто така во невнимание организирал протести против власт во соседна држава, директно мешајќи се во нејзините внатрешни работи – што е огромен скандал кој може многу штетно да влијае на релациите Скопје-Белград.„Кога граѓаните на Македонија организираа протести против Вучиќ, Србија не реагираше никако. Чекајте да ви го прочитам ова. Веско Чачановски,

Пронајдете не на следниве мрежи: