Животот на еден пациент беше доведен во прашање откако возило на Итната помош денеска беше блокирано при протестите на таканaречената „Шарена револуција“.По настанот од пред некој ден каде хулиганите на СДСМ и Сорос спречија татко со болно дете да стигне на кардиологија, денеска повторно се случи истото.
Возило на Итната брза помош денеска беше блокирано на раскрсницата кај мостот Гоце Делчев. Како што дознаваме, се работело за пациент на кого му била потребна итна медицинска помош.
Според информациите од терен, возачот на возилото гласно викал за да го пуштат, при што морал да заобиколува за да ја помине блокадата. Овој денешен случај е само последен во серијата инциденти предизвикани од опозициската “шарена револуција“ која протестира веќе подолг период.
Иако блокадите беа најавени како масовни, сепак и денеска опструирањето на сообраќајот беше извршено со паркирање на неколку автомобили на клучните мостови и повторно сосема незначителен број на демонстранти.
Новата тактика е резултат на се помалата излезност и поддршката од граѓаните која изостанува по двомесечното изживување. Немањето капацитет сега се обидуваат да го камуфлираат со правење метеж и нервоза во текот на денот, при што каков што беше случајот денеска, животот на пациент беше доведен во прашање.
По настанот од пред некој ден каде хулиганите на СДСМ и Сорос