Во четири градови во САД денеска, по 12-ти пат, ќе биде одржан „Денот без панталони во метро“, кога учесниците во овој настан патуваат со подземната железница само по долна облека.Манифестацијата првпат е организирана во Њујорк во 2002 година од групата „Импрув Евривеар“ и оттогаш добива се поголема масовност.
Учесниците во манифестацијата од половина нагоре носат вообичаена зимска гардероба, но од половината надолу имаат само чевли, чорапи и долна облека, но не и панталони или здолништа.
– Целта ни е ова да биде нешто позитивно што ќе ги натера луѓето да се насмеат, изјави основачот на „Импрув Евривеар“, Чарли Тод за „Ју-Ес-Еј Тудеј“.
Годинава покрај во Њујорк, „Ден без панталони во метро“ ќе се организира и во Чикаго, Вашингтон и Лос Анџелес.Манифестацијата првпат е организирана во Њујорк во 2002 година од групата „Импрув Евривеар“ и оттогаш добива се поголема масовност.