Ден пред роденденот, дознав дека имам рак!

Ми се пресекоа нозете кога дознав за страшната дијагноза. Ме спаси позитивниот став.Кога имав 16 години, почнаа првите симптоми. Чувствував блага болка измеѓу циклусите. Отидов на доктор, каде ми кажаа дека имам мала промена во матката, но не треба да се грижам.
По три години повторно почувствував болки. Отидов на гинеколог, и ми најдоа некоја чудна маса на матката и реши да ме испрати на биопсија. По три дена добив повик од гинеколошката амбуланта и ме повикаа да одам. Знаев дека вестите не се добри. Но, карцином никогаш не ми падна на памет. Додека седев во чекалницата со мајка ми, размислував за тоа како утре ќе наполнам 20 години и ќе бидам слободна.

Конечно се појави сестрата и ме повика во амбулантата. Гинекологот ме пречека со загрижено лице. Ми рече дека ми е дијагностициран рак на матката. Продолжи да зборува, а јхас скроз се изклучив. Ми се пресекоа нозете.
По неколку минути почнав да плачам. Ја повикаа мајка ми. Едвај чекав да ја прегрнам. Кога се смирив реков дека ќе го иузвадам тоа зло од мене.
Докјторот ми советуваше да направам операција за да се избегне терапија како зрачење и хемотерапија. По операцијата, морав да направам безброј тестови, а чекањето на резултатите ме убиваше. За среќа беа добри. Во тој момент ми беше тешко да се соочам со фактот дека никогаш нема да можам да родам дете, но тоа беше многу подобра опција, отколку да бидам болна.
Денес сум сосема здрава и одам на прегледи на секои шест месеци.Кога имав 16 години, почнаа првите симптоми. Чувствував блага болка измеѓу циклусите. Отидов на доктор, каде ми кажаа дека имам мала промена во мат

Пронајдете не на следниве мрежи: