Денес е Ѓурѓовден – празник на будење на природата

Денеска се чествува Свети великомаченик Георгиј Победоносец (Ѓурѓовден), празник на обновувањето на природата и на животот воопшто.Празникот на светиот великомаченик Георгиј познат како Ѓурѓовден се празнува на 6 мај според новиот (или на 23 април според стариот) календар. Тој се смета за најголем пролетен празник што го празнува не само христијанското туку и целото население во Македонија што од друга страна значи дека во неговата основа е празнувањето на природата, на разбудувањето на вегетацијата и на животот воопшто. Именден празнуваат: Ѓорѓија, Ѓуро, Ѓурѓа, Ѓоре,
Ганка, Ганчо, Гинка, Ѓурѓица и др.
Големиот црковен и народен празник посветен на светиот великомаченик Георгиј Победоносец маѓу народот познат како Ѓурѓовден спаѓа меѓу неподвижните празници или меѓу празниците со постојан датум. Секоја година се паѓа на 6 мај според новиот, или на 23 април според стариот календар. Ѓурѓовден е најголем пролетен празник што го празнува не само христијанското туку и другото население, што од друга страна зборува за фактот дека во неговата основа лежи некој голем претхрстијански празник во чест на пролетта, на разбудувањето на вегетацијата и на животот воопшто. Како голем празник Ѓурѓовден се поврзува со Велигден, па и во народната песна се пее за нивната поврзаност, за раззеленувањето на вегетацијата и за враќањето на животот по пасивниот зимски период.
‒ Ѓурѓе ле, Ѓурѓе млад Ѓурѓе,
да кој ти рече да дојдеш?
‒ Мене ми рече Велигден!
Ѓурѓе ле, Ѓурѓе млад Ѓурѓе,
брго по мене да дојдеш,
по тебе шума и трева,
по трева идат ќејаи,
по ќејаи идат овчари.
 
 
За МИА подготви Марко Китевски
 Празникот на светиот великомаченик Георгиј познат како Ѓурѓовден се празнува на 6 мај според новиот (или на 23 април според стариот) календар. Тој

Пронајдете не на следниве мрежи: