Сега тој е најбогатиот човек во Кина, но неговиот пат кон успехот не бил ниту малку лесен.Џек Ма е основачот на познатата страна за трговија на интернет, а неговата веб страна „Алибаба“ секојдневно ја посетуваат 100 милиони корисници ширум светот. Богатството со кое располага се проценува на повеќе од 20 милијарди долари, што според Форбс го прави најбогат човек во Кина, а помеѓу најбогатите во светот е на 18-то место.
Сепак, неговиот пат до богатство бил мошне тежок. Тој три пати паѓал на приемниот испит за колеџ, а дури 30 пати бил одбиен за работни позиции за кои конкурирал. Го одбиле дури и во полиција и во еден синџир за брза храна.
Кога во 1998 година ја стартувал страницата „Алибаба“, во првите три години немал никаков профит. Ниту една банка не сакала да соработува со неговата компанија, па морал да започне нов начин на наплата, кој денес е познат под име „Алипеј“.
– Кога го покренав Алипеј, многумина ми кажаа дека е тоа мојата најглупава идеја што сум ја имал, открил тој во едно неодамнешно интервју.
Денес Алипеј го користат 800 милиони луѓе.Џек Ма е основачот на познатата страна за трговија на интернет, а неговата веб страна „Алибаба“ секојдневно ја посетуваат 100 мили