Денес е Св. Злата Мегленска, пример за саможртва за својата вера

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 октомври.Денеска е Св. новомаченица Злата Мегленска.
Света Злата беше родум од село Слатино, Мегленско во Егејска Македонија, од сиромашни родители. Еднаш, кога беше излегла по вода, ја пресретнаа некои бесрамни Турци и ја одвлекоа во својата куќа. Еден од нив и понуди да се потурчи и да му стане жена, но света Злата му одговори: јас во Христа верувам и Тој ми е младоженец; од Него нема никогаш да се откажам. Тогаш дојдоа и нејзините родители и сестри и ја убедуваа да се откаже од Христа и да ја прифати понудата на Турчинот, но таа и тогаш не се согласи. Тогаш Турците ја ставија в затвор и во тек на три месеци секојдневно ја камшикуваа. Најпосле ја обесија на дрво, а нејзиното тело го исекоа на парчиња. Света Злата Мегленска пострада за Христа во 1796 година.
Света новомаченица Злата Мегленска 
Пример за саможртва за својата вера 
Светата новомаченица Злата Мегленска набргу по загинувањето била сметана на светица и со нејзиното име биле поврзани некои свети места во близината на селото.
Именден празнуваат: Злата, Златка, Златица, Злате…
Светата новомаченица Злата Мегленска станала симбол на отпорот против турскиот поробувач и пример за одбрана на христијанската вера. Била една од трите ќерки на еден селанец од селото Слатино, Мегленско. Кога поодраснала била многу убава поради што била забележана од синот на селскиот агалар, познат зулумќар и силеџија. Тој намислил да ја земе и еднаш кога таа во блиската шума собирала трески за печење леб, со група пријатели ја грабнал и ја одвел во својот дом. Се обидел, во почетокот, со убаво да ја убеди да ја смени верата и да стане негова анама ветувајќи и богатство и раскош. Но, Злата сето тоа го одбила велејќи дека е решена побргу да умре отколку да си ја мени верата. И кога со ништо не успеал да ја придобие ја предал на лошите џелати да ја измачуваат. Злата Мегленска била подложена на најжестоки измачувања. Ја тепале со камшик, ја обесиле на дрво со главата надолу, и дереле ваши (ремења) од кожата, а потоа врзана со ортома за врат ја шетале низ селата за да ги заплашуваат христијаните. И кога со сите тие тортури не успеале да ја скршат и да ја придобијат ја исекле со меч на 13 октомври (с.с.) 1795 година. Деловите од нејзиното тело џелатите ги фрлиле во реката Мегленица, а подоцна овчарите ги нашле во еден вир, ги собрале и ги однесле во домот на нејзините родители, по што биле погребани по сите христијански обичаи.
Набргу после смртта населението ја сметало за светица и и биле посветени некои свети дрва во близината на селото. Житието на Света Злата Мегленска го напишал светогорскиот калуѓер Никодим во 1799 година.Денеска е Св. новомаченица Злата Мегленска.
Света Злата беше родум од село Слатино, Мегленско во Егејска Македонија, од сиромашни роди

Пронајдете не на следниве мрежи: