Денеска е последниот рок во кој Собранието на Република Македонија треба да ги распише локалните избори.Денеска Собранието треба да ја продолжи Конституитивната седница, да избере претседател и да ги распише локалните избори, кои би требало да се одржат во првата половина на месец мај. Конституитивната седница за новиот состав на Собранието се одржа на 30 декември, кога беа верификувани мандатите на пратениците, по изборите.
– „Изборите за членови на совет и за градоначалник се одржуваат секоја четврта година истовремено во сите општини, во првата половина во месец мај“, стои во член 16, став 1 од Изборниот законик. Доколку изборите не се одржат во мај, градоначалниците на општините и општинските совети повеќе нема да имаат никакви надлежности, а пречекорувањето на предвидениот рок значи и измени во Изборниот законик.
Со оглед на политичката состојба, ВМРО-ДПМНЕ неколку пати го искажаа ставот на кој цврсто стојат дека се за нови брзи избори, додека од страна на СДСМ чекаат претседателот Иванов да се премисли за одлуката за доделување на мандатот.
Низ градовите секојдневно се одржуваат и протести на ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, против Албанската платформа, за унитарна Македонија. Денеска Собранието треба да ја продолжи Конституитивната седница, да избере претседател и да ги распише локалните избори, кои би требало да се одрж