Во Кривичниот суд денеска се одржува рочиште за случајот „Еразмус“ во кој професори и демонстратор од Економскиот факултет во Скопје, како и управител на бифе, се осомничени за примање поткуп.Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври поднесе обвинение против шест лица кои се товарат дека во текот на 2015 и 2016 година како лица вработени на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, искористувајќи ја својата положба сториле кривични дела. Обвинетите Б.Ш и С.Р се товарат за сторено кривично дело – Примање поткуп од чл.357 ст.1, лицето Д.Ј. се обвинува дека сторило кривично дело – Примање поткуп од чл.357 ст.1 и Примање награда за противзаконито влијание од чл.359 ст.2 од Кривичниот законик. Обвинетите Љ.Ј. и С.Д. се товарат за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.1 од Кривичниот законик. Со обвинителниот акт се обвинува и лицето Д.Д. за сторени три кривични дела- Давање поткуп од чл.358 ст.1 од Кривичниот законик.
МВР информираше дека професорите земале поткуп од 500 до 1.000 евра.
За потсетување, акцијата на полицијата се одвиваше на 6 јуни и траеше со часови.Обвинетите Б.Ш и С.Р се товарат за сторено кривично дело – Примање поткуп од чл.357 ст.1, лицето Д.Ј. се обвинува дека сторило кривично дело