вторник, 24 ноември 2026
Најново

Денес ќе се одржи рочиште за професорите од Економскиот Факултет кои примаа поткуп

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во Кривичниот суд денеска се одржува рочиште за случајот „Еразмус“ во кој професори и демонстратор од Економскиот факултет во Скопје, како и управител на бифе, се осомничени за примање поткуп.Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври поднесе обвинение против шест лица кои се товарат дека во текот на 2015 и 2016 година како лица вработени на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, искористувајќи ја својата положба сториле кривични дела.  Обвинетите Б.Ш и С.Р се товарат за сторено кривично дело – Примање поткуп од чл.357 ст.1, лицето Д.Ј. се обвинува дека сторило кривично дело – Примање поткуп од чл.357 ст.1 и Примање награда за противзаконито влијание од чл.359 ст.2 од Кривичниот законик. Обвинетите Љ.Ј. и С.Д. се товарат за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.1 од Кривичниот законик. Со обвинителниот акт се обвинува и лицето Д.Д. за сторени три кривични дела- Давање поткуп од чл.358 ст.1 од Кривичниот законик.
МВР информираше дека професорите земале поткуп од 500 до 1.000 евра.
За потсетување, акцијата на полицијата се одвиваше на 6 јуни и траеше со часови.Обвинетите Б.Ш и С.Р се товарат за сторено кривично дело – Примање поткуп од чл.357 ст.1, лицето Д.Ј. се обвинува дека сторило кривично дело

Поврзани вести