Свлечиштето во село Булачани, кое настана како резултат на невремето што го зафати скопскиот регион, според проценките, се очекува да се санира попладне.
На терен работи механизација, како и припадници на полицијата и војската.
Министерот за внатрешни работи Митко Чавков денеска го информираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој беше во обиколка на теренот, дека во Булачани, Црешево и Смилковци се распоредени и работат околу 300 припадници на МВР и оти во текот на утрешниот ден половина од нив ќе може да се дислоцираат во другите населени места каде што е потребно, како што се Инџиково, Економија и Сингелиќ.
Жителите на Булачани побараа да се зголемат цистерните со вода или набавката со флаширана вода, а исто така и да се обезбедат комбиња со кои ќе може да се превезуваат до своите работни места.
Во ова населено место во тек се и активностите за решавање на проблемот со струјата која ја нема во дел од домовите во селото.На терен работи механизација, како и припадници на полицијата и војската.
Министерот за внатрешни работи Митко Чавков денеска го информираш