Денес признавте дека единствена пречка за членство на Македонија во ЕУ и НАТО е Грција, а не ВМРО-ДПМНЕ

На денешната седница на Комисијата за надворешна политика во Собранието на Република Македеонија на која што Министерот за надворешни работи Никола Димитров, реферираше за досега сработеното, пратеникот и предходен министер за надворешни работи Никола Поповскиго го поздрави фактот што Димитров пред сите призна дека единствена пречка за членството на Македонија во ЕУ и НАТО е Грција, а не предходната Влада кој што ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ.Новата Влада дојде со една теза дека ние не сме членка на НАТО, не сме ги отпочнале преговорите за членство со ЕУ поради тоа што нечини Владата, државата, национализмот, ставовите итн. Ме радува тоа што министерот, после првата посета во Атина доаѓа и се приближува до онаа проценка која што ја имавме сите предходно дека нашето членство во Европската Унија води преку Атина и дека тезата со која се замина во Атина односно еве сега има нова Влада, едноставно Грција ќе ја промени својата проценка и дека ќе дозволи Македонија да влезе во НАТО и да отпочне преговори со ЕУ под привремената референца онака како што било договорено во деведесетите години. Тоа беше тезата со која се отиде во Атина и од Атина се доби недвосмислен одговор исто онаков каков што имавме добиено и предходно. Јасен, концизен, без никакви дилеми. Треба да направите суштински отстапки по ова прашање, треба да постапите по оние насоки кои ние ви ги даваме и во тој момент може да откочи европската и евроатланската перспектива на Република Македонија, посочи Никола Поповски од ВМРО-ДПМНЕ.
Дополнително, Поповски од министерот Димитров побара да се објават деталите од договорот за добрососедство со Бугарија кои што како што изјави Заев требало да ги решат министрите за надворешни работи на еден кафе муабет. Поповски му порача на Димитров дека доколку навистина сакаат да градат консензус за прашања од национален интерес како што велеа и транспарентно да ја водат државата, дека сега е прав момент тоа да го покажат и да кажат што се е договорено со Бугарија и што уште треба да се допрецизира.
-Во однос со договорот со Бугарија. Премиерот Заев отиде во Софија и одтаму ни најави дека на 2 август ќе имаме потпишан договор за добрососедство со Бугарија, дека се е решено и испеглано и дека останат е само еден мал детал кој што ќе треба министрите за надворешни работи во кафе муабет да го решат и да го надминат и тоа е веќе завршена работа. Јас имам прашање до министерот, кој е тој мал детал кој што треба министрите со кафе муабет да го надминат и сметам дека доколку навистина е таква ситуацијата, би требало да ја удостоите македонската јавност и да ги споделите тие аспекти и да кажете во ред, нас ни е потребен национален консензус, сакаме да градиме широка база за поддршка на било кој договор или унапредување на односите со нашите соседи и затоа ќе работиме транспарентно и со јавноста и со сите парламентарни групи застапени во Собранието на Република Македонија, додаде Поповски.Новата Влада дојде со една теза дека ние не сме членка на НАТО, не сме ги отпочнале преговорите за членство со ЕУ поради тоа што нечини Владата, др

Пронајдете не на следниве мрежи: