сабота, 28 ноември 2026
Најново

Денес сончево и топло, но за викенд…

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Времето  во Македонија ќе биде релативно топло со мала облачност која во текот на денот ќе се проширува. Ќе дува умерен јужен ветер кој во западните делови повремено ќе засилува.Утринската температура ќе се движи од минус два до три, а дневната од 14 до 21 степен.
Во Скопје релативно топло со облачност која во текот на денот ќе се зголемува. Ќе дува умерен повремено засилен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе се искачи до 16 степени.
Во текот на ноќта кон сабота и во сабота преку нашето подрачје ќе помине влажен и постуден бран кој ќе услови зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Повеќе врнежи ќе има во западните и северните делови, каде локално се очекува да наврнат околу 15 литри на метар квадратен. Во сабота од север ќе се прошири повремено засилен северен ветер. Дневните температури за викендот ќе опаднат за шест до девет степени и во недела ќе бидат во интервал од шест до 12 степени.Утринската температура ќе се движи од минус два до три, а дневната од 14 до 21 степен.
Во Скопје релативно топло со облачност која во текот

Поврзани вести