Денес во Скопје кафето и чајот се плаќаат со поезија: Стотици песни напишани од граѓаните за „Плати со поезија“

Поезијата е експлозија на емоции што инспирира и поврзува, a денес таа вреди многу повеќе од која било валута во светот! Македонија го прославува 21-ви март, Светскиот ден на поезијата, а Скопје по вторпат се приклучува на глобалната кампања на „Плати со поезија“ во чии рамки граѓаните можат да испијат кафе или чај и да ги платат со поема.Имено, на пет локации низ Скопје, „Наргиле“ во Скопска чаршија, „Дион“ на кеј, „Баду“ во Порта Влае, „Паладиум“ во Капиштец и „Венето„ во „Скопје Сити мол“, наместо сметка, за испиеното кафе или чај секој добива лист хартија и молив за да напише поема, со која ќе го плати пијалокот.
„Кога би постоела опција print screen на текот на мислите многу спомени не би завршиле во кантите за отпадоци. Бубачките во глава би биле помирни барем за миг“, е само една од стотиците поеми кои денеска ги напишаа граѓаните, кои со своите емоции ги ставија на парче хартија.
Понеделничкото пролетно сонце денес е само поттик повеќе од 1000 граѓани да нурнат длабоко во себеси и да ги споделат своите чувства. „Поезијата може да го направи светот подобар. Поезијата е многу повеќе од зборови на прашливо парче хартија.

 
Поезијата е акција, поезијата може да ги отвори нашите очи за општествените вистини, може да ги предизвика наследниот систем на вредности и може да ги поврзе нашите срца со она што навистина е битно“, стои во изјавата на Јулиус Мајнл, кој е одговорен за глобалната акција во која учествуваат повеќе 30 светски градови и преку 1000 кафулиња.
Освен на македонски јазик, граѓаните својот пијалок го „платија“ и со поема на англиски, бугарски, турски, руски, германски, српски, албански и германски јазик. Сите љубители на поезијата денеска освен шансата да го испијат своето кафе или чај и да го платат со поезија, имаат и одлична шанса да се дружат со реномирани поети од нашата држава.
Листата на поетите што учествуваат во „Плати со поезија“ оваа година е навистина голема: Дарко Лешоски, Стефан Марковски, Марта Маркоска, Јован Илиевски, Ксенија Николова, Наим Илијази Пари, Драгана Ефтимова, Мартин Богатиноски, Ана Голејшка, Љубица Шопова, Биљана Стојановска, Слаѓана Атанасова…
По 16 часот денеска во „Дион“ ќе се и одберат и најдобрите поеми што беа напишани од посетителите за време на „Плати со поезија“ од страна на македонските реномирани поети и истите ќе добијат награди.Имено, на пет локации низ Скопје, „Наргиле“ во Скопска чаршија, „Дион“ на кеј, „Баду“ во Порта Влае, „Пал

Пронајдете не на следниве мрежи: