Променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец не очекува денеска, додека претпладне по одделни котлини е можна појава на ниска облачност и магла со намалена видливост.Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 21 степени.
Дневната највисока температура на воздухот во Тетово и Пелагонија ќе достигне од 10 до 12 степени.
Утре времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со појава на утринска магла по одделни котлини. Ќе има услови за локален дожд со слаб интензитет.
Од понеделник под влијание на изразено јужно воздушно струење ќе преовладува променливо облачно време, со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а на места ќе бидат и обилни, особено во вторник и среда. Локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи.
Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер, а во среда кон крајот на денот и ноќта ќе го смени правецот во северен.Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 21 степени.