Денес ЗА МАЛКУ ќе ја изневерев сопругата? Исповедта на овој маж има преку МИЛИОН ЛАЈКОВИ и сите го обожаваат

Иако многу ја сака својата сопруга, Џејсон Хјулит пред некој ден, на некој начин – ја изневери. Ова искуство го споели на Фејсбук, немајќи претстава дека неговата порака ќе ја видат преку милион воодушевени луѓе.Овој маж здошол во искушение да ја изневери својата сопруга, и токму поради тоа сега сите дами на Фејсбук го прогонуваат, бидејќи секоја посакува ваков маж.
Еве што напиша тој на Фејсбук:
„Малку ми е срам да признаам, но денес, на некој начин, ја изневерив мојата сопруга. Ајде да појаснам. Отидов до продавница да си купам машки работи. Знаете грицкалица за нокти, машинка за брадата, восок за брковите, сунѓер за тело…
Кога стигнав на каса, погледнав пред себе, и видов девојка која веднаш ме освои. Си помислив:
„Уау, типот кој е со неа мора да е вистински среќник!“ Во следната секунда сфатив, па тоа е мојата жена!
Не знам дали сфаќате, но не се случува баш често својата сопруга да ја сретнете во продавница, во истиот ред на каса, незнаејќи дека двајцата сме дошле во исто време тука, со различни автомобили.
Помеѓу нас имаше само уште еден муштерија, па преку рамо ја ѕиркав љубовта на мојот живот. Додека чекавме ред и испратив порака: „Еј убавице“ и „што ќе пазариш срценце мое?“, но таа не обрна внимание на телефонот, туку цело време внимателно гледаше во купонот кој го зачувала за да заштеди при купувањето. Се откажав од тоа да и го свртам вниманието кон мене бидејќи сфатив дека можеби ќе биде срамота ако се истегнам преку касата и се пофалам на јавноста дека таа е моја. Само стоев и во тишина ги преиспитував моите чувства кон сопругата…

 
За почеток, бев шокиран од тоа колку одеднаш таа повторно ми стана привлечна и убава. Знам дека често ја гледам во такво издание, но сега не ја очекував во продавница, и неможев да поверувам дека сум нејзин тип. Тоа ме натера да заруменам во образите, но среќа не се гледаше под мојата брада.
Како второ ме воодушеви тоа што воопшто не ме регистрираше. Во исто време тоа е и добро и лошо. Од една страна добро што не снима други, и што не забележа дека некој и се ѕвери преку рамо. Но лошо е што се прашувам, што би било ако јас не сум тука? Ќе морам за секој случај да и купам солзавец.
Од друга страна тоа е лошо што сфатив колку бев блиску таа воопшто да не обрне внимание на мене, да ме засака. Сите тие херкулејски напори кои пред толку години морав да ги направам за да успеам да ја наговорам да излезе со мене само на тој еден состанок.
Како трето, ми беше многу мило што тој ден беше полна со самодоверба, како една независна, способна, скромна, забавна, драга, учтива, прекрасна личност каква што е. А потоа таа само ги зграби своите работи и излезе надвор. Ништо не реков, не трчав по неа. Само ја гледав со воодушевување знаејќи дека таа е моја сопруга и воодушевувајќи се од тоа колку сакам се што е поврзано со неа. Таа многу ретко се вклучува на Фејсбук па тешко дека ќе го види овој пост. Она нема да сфати дека на некој начин ја изневерив денес. Сакав ова да го споделам со сите вас, бидејќи јас сум само еден обичен грдичок маж, кој турка низ животот.
Сигурен сум дека многумина од вас имале слични искуства во врска со оние кои ги сакаат, на овој или оној начин, а како што знаете и сами, тие моменти се чисто совршенство.
Поентата на денешната лекција е:
Треба што почесто да се загледувате во очите на саканата личност, како да ги гледате за прв пат, чисто за да се потсетите колку сте среќни што ги имате во животот.“
 
 
 Овој маж здошол во искушение да ја изневери својата сопруга, и токму поради тоа сега сите дами на Фејсбук го прогонуваат, бидејќи секоја посакува в

Пронајдете не на следниве мрежи: