Новоформираното здружение кое се нарекува „Тврдокорни”, не се никаква граѓанска организација која нaвистина се грижи за македонските национални интереси, туку група на исполитизирани личности блиски до таканаречената опозициска десница на македонската политичка сцена предводена од Коалицијата за Промени и правда на Павле Трајанов и Јове Кекеновски, како и Стојанче Ангелов, кои како што е добро познато, одработуваат за Заев и СДСМ/Сорос, пишува порталот Денешен.мк.Исполитизираноста на „Тврдокорините“, кои очигледно се само параван зад кој се кријат политички амбиции на одредени помали партии од десницата кои отворено одработуваат за СДСМ, излезе на виделина по нивната средба со раководството на СДСМ, односно со Зоран Заев, Оливер Спасовски и Дамјан Манчевски,
Во денешното соопштение по средбата со раководството на СДСМ, „Тврдокорните“ порачуваат дека доколку Албанците и евентуалните идни коалициони партнери навистина сакале “искрено да расчистат со Никола Груевски и неговата врхушка“, тогаш партиите на Албанците и самите пратеници Албанци во СДСМ, ќе ја повлечеле платформата.
-Доколку добро се погледнете соопштението на таканаречените „Тврдокорни“, може да се забележи истиот вокабулар кој секојдневно се употребуваше на партијата ФРОДЕМ на Јове Кекеновски во предизборниот период, кога речиси и да немаше соопштение во кое не се спомнуваше „врхушката на ДПМНЕ“. Според нашите информации, зад ова исполитизирано здружение кое на 24-ти февруари маршираше низ скопските улици, стојат лица блиски до помалите партии кои во јавноста важат за десничарски, а кои отворено одработуваат за СДСМ/Сорос во обидот да се погази волјата на мнозинството Македонци, односно лица како Павле Трајанов, Јове Кекеновски, Слободан Богоевски и Стојанче Ангелов, пишува Денешен.
Токму гласовите дадени за овие партии на минатите избори, претседателот на СДСМ Зоран Заев ги вбројува во оние над 600 илјади гласови кои својот глас го дале за промени.
Дополнително, дека „Тврдокорни“ се инсталација на СДСМ преку таканаречената десница, потврдува и фактот што речиси сите сдсмовски медиуми без исклучок, ги пренесоа активностите на здружението при нивниот марш, што не е случај со Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА која масовно протестира веќе десет дена, но медиумите под контрола на СДСМ речиси и воопшто да не објавуваат за случувањата.Исполитизираноста на „Тврдокорините“, кои очигледно се само параван зад кој се кријат политички амбиции на одредени помали партии од де