Денеска е 100 годишнината од почетокот на Првата светска војна

Австро-Унгарија на 28 јули 1914 година и објави војна на Србија, а со тоа официјално и започнала Првата светска војна. Објавата се случила месец дена по атентатот во Сараево во кој беа убиени престолонаследникот Франц Фердинанд и неговата сопруга.Објавувањето на војната му беше упатено на Белград, преку телеграф. Телеграфот содржел три реченици.
Во првата реченица стоело дека владата на Србија „не одговорила на задоволувачки начин на ултиматумот“ од Виена, кој бил доставен на 23 јули. Потоа следел ставот дека Австро-Унгарија „била принудена да се потрпе на силата на оружјето“, а третата и последна реченица, гласела: „Австро-Унгарија смета дека од овој момент се наоѓа во војна со Србија“.
Утредента, Франц Јозеф, царот на Австрија и кралот на Унгарија, објавил воен проглас на „народите“ на неговата земја, во кој стоело дека е приморан „да се фати за мечот со цел да си ја одбрани честа“ и дека „владата настојувала на мирен начин да го реши спорот“, но без успех и по туѓа вина. Властите во Виена го искористиле атентатот во Сараево како изговор да тргнат во војна против Србија, уверени дека Србија брзо ќе биде поразена и дека тоа ќе биде „мала војна“, која набрзо ќе заврши со успех.
Следело и официјално писмо на австрискиот амбасадор, упатено кон српското Министерство за надворешни работи, по кое и самиот барон Гизл ја напуштил територијата на Кралството Србија заедно со членовите на амбасадата. Владата на Кралството Србија објавила манифест:
„Потпирајќи се на Божјата помош, во својата правдина, како и во пријателството на големите држави, за кои сме уверени дека и тие исто така скаат да се одржи мирот, се надеваме дека овој конфликт ќе се заврши мирно; но, бидејќи австроунгарскиот амбасадор синоќа изјави дека не е задоволен од нашиот одговор и дека конечно ги прекинува дипломатските односи, српската влада е принудена, за секој случај, да ги преземе најпотребните воени мерки за одбрана на земјата. Сметаме дека е нужно да го повикаме народот во одбрана на татковината, верувајќи дека секој радо ќе го прифати нашиот патриотски повик. Доколку бидеме нападнати, војската ќе ја изврши својата должност…“.

Што се однесува на нашата земја, непосредно пред започнувањето на Првата светска војна, Македонија била поделена на три дела, а македонскиот народ се наоѓал под власта на Србија, Бугарија и Грција. По започнувањето на Првата светска војна сите три држави извршиле мобилизација на население од Македонија во своите војски, при што биле мобилизирани околу 200 илјади луѓе – во српската околу 50 илјади, во бугарската околу 120 илјади и во грчката околу 20 илјади души.
Ангажирањето на Србија во војната против Австро-Унгарија имал одраз и во Вардарска Македонија која се наоѓала под српска власт. Од почетокот на војната па се до влегувањето на Бугарија во судирот, во октомври 1915 година, српските власти во Вардарска Македонија регрутирале 53.088 души во српската војска. Од нив 44.496 биле Македонци, 8.482 Турци и Албанци и 111 Евреи.
Воените обврзници од Вардарска Македонија биле испраќани да се борат на фронтот во западна Србија против силите на Австро-Унгарија. Регрутацијата и самата војна не биле прифатени од регрутираните Македонци, Турци, Албанци и другите. Многумина од нив уште при регрутирањето, испраќањето на воена вежба или при воените подготовки, изостанувале, бегале или се сокривале. Многумина од нив на самиот фронт дезертирале, ги минувале Дрина и Сава предавајќи се на австро-унгарските власти.
Австро-Унгарија и Бугарија постигнале договор според кој заробените Македонци биле третирани како Бугари, отука тие биле ослободени од заробеништво и преку Романија биле испратени во Бугарија каде што повторно биле регрутирани меѓутоа сега во бугарската армија. По окупацијата на Вардарска Македонија од страна на Царството Бугарија, новите бугарски власти спровеле нова мобилизација во овој дел на Македонија.
Бугарија извршила најмасовна регрутација и мобилизација на Македонците во Пиринска Македонија и сред македонската емиграција во Бугарија. Пред нападот врз Србија во есента 1915 година, бугарската Врховна команда ја создала 11-та македонска дивизија и во нејзиниот воен формациски состав вклучила 33.046 Македонци. Покрај регрутацијата на Македонците во составот на бугарската регуларна армија, бугарските власти регрутирале Македонци и во диверзанските чети под раководство на Тодор Александров. Грција која објавила неутралност исто така спровела регрутација во Егејска Македонија со која биле регрутирани околу 20.000 Македонци.Објавувањето на војната му беше упатено на Белград, преку телеграф. Телеграфот содржел три реченици.
Во првата реченица стоело дека владата

Пронајдете не на следниве мрежи: