четврток, 12 ноември 2026
Најново

Денеска почнува изградбата на крст во општина Бутел

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во Општина Бутел денеска ќе бидат осветени темелите на крстот што ќе се гради на вкрстувањето на улицата „Боца Иванова“ и улицата „Александар Урдаревски“.Крстот е реплика на оној од општината Аеродром, ќе биде монтажен, висок 51 метар, широк 4 метри, со распон на краците од 34 метри, врз постамент од 5,5 метри и фрески на дванаесетте свети апостоли. На крстот ќе биде изведена инсталација за енергетска самоодржливост, а местото околу крстот ќе биде хортикултурно уредено. Крстот треба да биде изграден најдоцна за два месеца.
Изработката на проектната документација, како и трошоците за поставување и изведување на крстот е донација од правни и физички лица. Воопшто не се користат буџетски средства од општината, Градот или Републиката. По изградбата, крстот ќе биде предаден во сопственост на општината Бутел.
Инцијативата за изградба на крстот е поднесена од Светскиот македонски конгрес на 18 февруари 2016 година до Советот и градоначалникот на Општина Бутел. Советот ја донесе одлуката на 23 февруари, а градоначалникот го издаде одобрението за градба на 25 февруари.
Чинот на осветувањето ќе го изврши поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан архиепископ охридски и македонски, со свештеници од Скопската епархија.Крстот е реплика на оној од општината Аеродром, ќе биде монтажен, висок 51 метар, широк 4 метри, со распон на краците од 34 метри, врз постамент од

Поврзани вести