Во Собранието на Република Македонија денеска повторно треба да се состане Комисијата за оценување на основаноста на Предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов поради неговата одлука за аболиција.Комисијата треба да ја продолжи расправата по предлогот за импичмент на претседателот, поднесен од пратениците од опозицијата.
Расправата почна вчера, а Комисијата има рок до понеделник да подготви финален извештај што потоа треба да го образложи на пленарна седница во Собранието.
Пратениците од опозицијата на вчерашната комисиска дебата оценија дека со акциите за помилување Иванов ја продлабочил политичката криза, ја злоупотребил функцијата и прекршил неколку одредби од Уставот. Според нив, претседателот немал правна основа да донесе помилување без да биде претходно спроведена постапка.
Членовите на Комисијата од ВМРО-ДПМНЕ, пак, сметаат дека барањето на опозицијата за импичмент на Иванов е неиздржано и негова цел е да се удри врз институцијата претседател. Според нив, одлуката на претседателот Иванов е уставна и издржана.
Пратениците од владејачкото мнозинство го оценија како неосновано и барањето на нивните колеги од опозицијата претседателот Иванов да биде повикан да присуствува на седницата.
Комисијата за импичмент на Иванов има 11 члена, а нејзин претседател е пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски, од чија пратеничка група има уште пет члена. По два члена има од ДУИ и од СДСМ, а еден член е од ДПА.
Опозицијата ја иницираше постапката за импичмент на 13 април, ден по одлуката на претседателот Иванов за помилување 56 лица. На 27 мај тој ја повлече аболицијата за, како што наведе, 22 политички експонирани лица. Иванов ги упати преостанатите 34 лица кои не сакаат да бидат помилувани, да си поднесат барање за поништување на одлуките кои се однесуваат на нив.Комисијата треба да ја продолжи расправата по предлогот за импичмент на претседателот, поднесен од пратениците од опозицијата.
Расправата п