четврток, 12 ноември 2026
Најново

Денеска се празнува Свети Сава

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Денеска се празнува Свети Сава, а со овој празник се поврзани многу нешта. Свети Сава е прогласен за неработен ден за граѓаните од српска вероисповед.Кај народот постои верување дека денеска не смее да се носи ништо црвено. Исто така, денеска не треба да се острат ножеви или било кој друг ваков алат од домќинството, бидејќи тоа ќе донесе несреќа.
Се верува и дека ако на овој ден грми, цела години ќе биде несреќна, бидејќи и онака грмежите се ретка појава во зима. 
Денеска смее да се работи и препорачливо е да се направи нешто во домот.
Инаку, Свети Сава бил првиот српски архиепископ. Бил син на великиот жупан Стефан Немања.
Ги презрел богатството, почестите и царското достоинство и се замонашил на Света Гора. Неговиот пример подоцна го следи и татко му, кој во монаштвото ќе го добие името Симеон. Свети Сава се упокоил во 1236 година.

Поврзани вести