недела, 22 ноември 2026
Најново

Денеска сите на стадион: За Македонија се работи!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Денешниот голем празник за македонската држава 11. октомври може да биде испишан со златни букви во историјата на спортот.Младата фудбалска репрезентација до 21 година го игра последниот и историски натпревар во рамките од квалификациите за Европското првенство. Последниот меч против Шкотска што се игра на арената „Филип Втори“ може да значи за првпат и пласман за еден фудбалски репрезентативен состав на голема завршница како што е Европското првенство.
Избраниците на селекторот Боби Милевски одиграа јуначки во досегашните девет натпревари собраа 18 бодови и се на делба на првото место во групата кое води директно во Полска. За да се оствари тоа Македонија вечерва во Скопје со почеток од 18.45 часот мора да ја совлада селекцијата на Шкотска, а директниот конкурент Исланд кој истотака игра на домашен терен да киксне против силната репрезентација на Украина. Токму Украинците можат да и го донесат историскиот успех на нашата земја доколку останат непоразени во Рејкјавик.
На Бабунски, Радевски, Барди, Аврамовски, Зајков… им е потребна огромна помош од трибините, од публиката од навивачите.
Денеска секој може да издвои 100 денари за карта, сите заедно да ја бодриме нашата репрезентација и на крај сите заедно да се радуваме на огромен успех. За Македонија се работи!Младата фудбалска репрезентација до 21 година го игра последниот и историски натпревар во рамките од квалификациите за Европското првенство. Послед

Поврзани вести