Времето денеска ќе биде претежно сончево, со утринска температура од -3 до 6, а дневна од 12 до 20 степени.Попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува умерен, во западните делови засилен западен ветер, особено изразен на планините. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има продор на студена воздушна маса од север со засилен северен ветер, а во северните и западните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд, на планините од снег, но не се очекува врнежите да бидат обилни.
Во Скопје претпладне сончево, попладне облачноста ќе се зголемува, а во текот на ноќта ќе има повремени слаби врнежи од дожд и ќе почне да дува засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од два до 18 степени.
Утре преку ден облачноста ќе се намали, а од вторник времето ќе биде претежно сончево и студено со ниски утрински температури кои на повеќето места ќе се спуштат под нулата.Попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува умерен, во западните делови засилен западен ветер, особено изразен на планините. Кон крајот на денот и в