Денеска средби на Хајндл со потписниците на Пржинскиот договор

Специјалниот пратеник на Германија за Македонија Јоханес Хајндл денеска повторно доаѓа во Скопје на средби со потписниците на Договорот од Пржино.Како што информираат од Германската амбасада, Хајндл, за време на дводневанта посета на Македонија ќе се сретне и со претставници на меѓународната заедница, а предвидени се и разговори со претседателот на државата Ѓорге Иванов, со премиерот Емил Димитриев, со министерот за надворешни работи Никола Попоски и со специjалната обвинителка Катица Jанева.
Според најавата, специјалниот пратеник на германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штаjнмаер за Македонија, утре треба да даде изjава за медиумите.
Тоа ќе биде трета посета на Хајндл на Македонија во последните 30 дена. На 12 мај тој имаше средби со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи, а при втората посета на 20 мај, покрај со партиските челници, разговараше и со претседателот Ѓорге Иванов и со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.
На средбите, како што информираа неговите македонски соговорници, на Хајндл му биле пренесени нивните ставови за актуелната политичка криза и за можностите за нејзино надминување.
Германскиот пратеник не даде изјава за медиумите, туку само кусо порача политичките лидери да преземат одговорност и да ги стават интересите на државата пред партиските.
Во меѓувреме, во интервју за Дојче Веле, Хајндл истакна дека Договорот од Пржино и натаму е добра основа за изнаоѓање решение за кризата во Македонија. Порача дека ЕУ и Германија сакаат да и помогнат на земјата да најде излез од кризата, но оти патот ќе мора самата да го изоди. Тоа, според него, треба да вклучува повлекување на аболициите од претседателот Иванов, непречена работа на Специјалното јавно обвинителство и создавање услови за фер и демократски избори.Како што информираат од Германската амбасада, Хајндл, за време на дводневанта посета на Македонија ќе се сретне и со претставници на меѓународната

Пронајдете не на следниве мрежи: