Дека СДСМ не сака да оди на избори поради слабиот рејтинг беше јасно и од најавата на Зоран Заев дека нема да оди на преговорите во Виена, по што состанокот беше откажан.Дека СДСМ не сака да оди на избори поради слабиот рејтинг беше јасно и од најавата на Зоран Заев дека нема да оди на преговорите во Виена, по што состанокот беше откажан.
Според договорот од Пржино, во Македонија денеска требаше да има парламентарни избори. Дваесет и четврти април беше датумот што го договорија четворицата лидери заедно со комесарот Јоханес Хан и амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав. Но од јули минатата година кога беше потпишан договорот многу работи се случија во Македонија.
СДСМ се врати во Собранието, нивните министри влегоа во Владата, беше формирано специјалното обвинителство, ДИК има нов состав, Никола Груевски се повлече од премиерската функција…
Сепак, за СДСМ и ова не беше доволно и како што наближуваше денот за распишување на изборите почнаа да зборуваат за нивно одлагање.На барање на меѓународниот фактор тоа и се случи, со ветување дека тоа е прво и последно одлагање и беше договорен нов термин, 5 јуни.
Дури и беше нагласено дека веќе нема да има дополнителни услови и дека до јуни има доволно време Државната изборна комисија да изврши проверка и прочистување на Избирачкиот список. ДИК пред десетина дена изгласа дека е подготвена да ги организира изборите на 5 јуни, по што претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски и официјално ги распиша изборите.
СДСМ соочен со слабиот рејтинг и можноста повторно да ги загуби изборите, по истото сценарио се обидува да ги одложи изборите без да наведе нов термин.
Овој пат СДСМ си најде нов изговор, а тоа е одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за запирање на сите постапки против власта и опозицијата. Шефот на државата потоа се дообјасни и рече дека секој што смета дека не треба да биде аболициран да поднесе писмено барање.
Потегот на Иванов беше повод невладините организации, кои се блиски до СДСМ, да почнат со секојдневни протести низ Скопје и со уништување на објектите, како што се „Порта Македонија“, министерствата за култура и за правда, Агенцијата за медиуми, за млади и за спорт и др.
Дека СДСМ не сака да оди на избори беше јасно и од најавата на Зоран Заев дека нема да оди на преговорите во Виена, по што состанокот беше откажан.
Следуваа остри реакции од ЕУ, но вината повторно беше насочена кон сите лидери, а не кон оној што одби да седне на преговарачка маса.
Во следниот период може да се очекува нова дипломатска активност на комесарот Хан, по која ќе биде познато дали Македонија ќе отиде на избори или во нова политичка криза.
Дека СДСМ не сака да оди на избори поради слабиот рејтинг беше јасно и од најавата на Зоран Заев дека нема да оди на преговорите во Виена,