Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски денеска ќе оствари средба со првиот човек на ДИК, по што ќе биде потпишано решението за избори на 11-ти декември.Како што информираат од неговиот кабинет, Вељаноски во 11.00 часот ќе оствари средба со претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски.
Во 12:00 часот ќе потпише Решение за распишување предвремени парламентарни избори.
Распишувањето на изборите е овозможено по вчерашното распуштање на македонскиот Парламент.
Со 110 гласови „за“ пратениците вчера попладне ја донесоа одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија, со што се овозможува одржување предвремени парламентрани избори на 11 декември, согласно договорот на лидерите на четирите најголеми политички партии за надминување на политичката криза.
Како што информираат од неговиот кабинет, Вељаноски во 11.00 часот ќе оствари средба со претседателот на Државната изборна комисија, Александа