четврток, 12 ноември 2026
Најново

Џенет Џексон се омажила за катарски милијардер

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Пејачката Џенет Џексон во понеделникот откри дека уште минатата година се омажила за својот партнер, катарскиот милијардер Висам Ал Ман.Пејачката(46), инаку помлада сестра на покојниот Мајкл ЏЕксон, минатата година се вери со 37 годишниот катарски милијардер, но останатите детали очигледно ги држела во тајност.Најверојатно немаше ни да објави дека е во брак, доколку американските медиуми не започнаа да пишуваат дека двајцата подготвуваат раскошна венчавка.„Шпекулациите за идната раскошна венчавка едноставно не се точни. Се венчавме минатат година на прекрасна, приватна, тивка церемонија“, се вели во соопштението на брачниот пар.„Како свадбен подарок еден на друг си подаривме парични донации за омиленото детско хуманитарно здружение на секој од нас“, се додава понатаму во соопштението.Американската пејачка е позната по тоа што детали за приватниот живот чува подалеку од јавноста. Ова и е трет брак.
МакфаксПејачката Џенет Џексон во понеделникот откри дека уште минатата година се омажила за својот партнер, катарскиот милија

Поврзани вести