Дење просат по улица, а погледнете што прават по „работното време“…

Полицијата собрала докази против припадниците на една просјачка банда, кои преку ден глумат инвалиди , а по завршетокот на „работното време“ граѓаните ги гледаат како нормално се шетаат низ градот со iPhone во раката или возат автомобили.Полицијата во Салзбург во Австрија открила дека група романски  измамници кои изигравале просјаци, месечно заработуваат и по 2.000 евра.
Единаесетчлена романска банда со месеци вршела вакви измами по улиците на Салзбург. Шесторица членови глумеле инвалиди само да предузвикаат сожалување кај граѓаните и туристите, а петорица им помагале со тоа што ги укрупнувале ситните пари во банките или ги возеле преварантите од едно на друго место.

Преноќувале во одморалиштата на Салзбург и околината а откако полицијата ги привела на сослушување ова лето тие побегнале од Салзбург.
Оваа банда правела измами ширум Европа а многумина од нив веќе имаат и полициско досие.
Досега имаат заработено 63.000 евра.
 Полицијата во Салзбург во Австрија открила дека група романски  измамници кои изигравале просјаци, месечно заработуваат и по 2.000 евра.

Пронајдете не на следниве мрежи: