ДЕНОТ Д[но]

Беше понеделник, 20-ти јуни, лето господово 2016, нешто малку по 22 часот. Скопје гледаше европско по кафулиња. Македонија имаше привилегија да добие концерт на А листер, Енрике Иглесијас ја забавуваше на Арената Филип Втори. Тоа беа културно –забавните настани дента.Колоната на оклопни транспортери и полициски возила која по „Партизанска“ иташе кон базата во Ѓорче Петров јасно кажуваше дека и единствениот некултурен настан вечерта, завршил. Следев чат-пат на мобилен и да ви кажам право Велс изигра страшно добра утакмица а клиповите кои ги гледав од концертот на Енрике покажуваа каков прекрасен настап сум пропуштил.
Некултурниот перформанс најавен од шарените го гледав 5 минути. Веќе видено плус минус компресор и чаршав. Ми падна жал. Не за револуционерите, туку за излажаниот народ, деца…. Почнаа во кафичот да пристигнуваат и нови фаци. Кој на кој настан бил јасно се читаше на лицата. Едни среќни, сеуште под импресија на перформансот на Енрике на Филип втори, други разочарани, задлабочени во мислите, излажани, заведени и напуштени. Требаше да знаат, уште денот кога на календарот ќе забележиш дека „дедлајнот“ е закажан за продолжен викенд. Требаше да претпостават, мислиш до сега веќе научиле. Премногу очекуваа од луѓе што „конечната пресметка“ не ја пресметале добро па мораше да биде на – 002 од денот кога навистина требаше да се случи. Можев да наслушнам од околните маси. Не беа среќни тие фарбачи на сопствената иднина. Очекувале повеќе. Влез во собрание, линч на оние кои ги брендираа како злосторници, слушнав и дека се очекувала и помош од моќен странски пријател, малку повеќе од онаа паричната. Ги лажеле луѓето. Ги лажат веќе некое време – но секој со својот праг на толеранција. И не знам што очекуваа од групација која за 65 дена на улица можеше да смисли само три варијации на молерисување, куртон, катапулт и холи мадер оф Џизс – Компресор. Да, и три блокади на 3 раскрсници од по 3 саати. Факинг свето тројство атеистичко –  револуционерно. Со право им беа намуртени суратите ама требаа да знаат подобро. Требаа да знаат дека од „драматург“ и шака мрзеливи глумци плус црпната шушумига тоа е максимумот, уништување на јавни добра.
 Прочепкав и по социјалните мрежи, впечатокот ист. Разочарување. Луѓе прашуваа што утре? Видни револуционери исто така. И навистина што утре? Одговорот го даде следниот ден. Вторник 21 јуни. Утрото нормалните луѓе тргнаа секој по својата работа. Тие што поминаа низ центарот видоа екипи на град Скопје како чистат по „перформансот“ на шарените.Нормалните луѓе продолжија со животот. Всушност ние нормалните луѓе, никогаш и не запревме со животот. Само моравме да се навикнеме на фактот дека некој ќе ни узурпира дел од слободата 2 часа во денот. Дека некој ќе крши, бои, вандализира и попува секој ден од 18.00. Се навикнавме. Не ни е мило но се навикнавме. Знаеме дека ќе има крај. Гледајќи ги шарените во секојдневното банално повторување на некреативноста без конкретна цел, знаевме и како ќе заврши. Намуртените и скиснати фаци на луѓето кои доаѓаа во кафичот директно од пред собранието кажуваа се. Нешто навистина беше готово, но тоа не беше она што го очекуваа. А очекуваа премногу од луѓе без капацитет. Од мрзеливи луѓе кои наместо да ги насочат добиените пари во унапредување на себеси, сопствените капацитети и перформанси, ги спичкаа на поликолор и ПР фаци кои требаше да го запалат револуционерниот оган. Епски фејл. И што сега? Па прво што видовме е како се обидоа сопствениот пораз да го минимизираат преку медиумите и социјалните мрежи. Неуспешно. Навистина не знам како ќе убеди Саше Политико било кого во било што кога неговата сопруга праќаше клипови од Енрике додека тој беше пред собрание. Како ќе ме убеди познат новинар кој исто беше пред собрание кога децата негови седеа карши мене на маса забавувајќи се. Како? Она што нема да те убие те прави посилен, запомнете го тоа шарени. На 20-ти излеговте да убиете нешто а убивте нешто што најмалку очекувавте. Вербата во вас и вашите методи. Тоа го видов на 21-ви јуни. Деца од 20+ години што во автобус разговараа дека се претерало. Луѓе што се прекрстуваа кога автобусот поминуваше покрај министерство за правда и собрание. Тоа е резултатот. Резултатот на една болна кампања која имаше за цел само едно – да ни го направи животот неподнослив. Не успеавте. Навикнавме. И што е за вас пострашно, знаеме дека има некој кој ќе ги излечи сите лузни на Скопје кога вие ќе заминете на одмор а потоа и во (неславна) историја. Сега навистина треба само уште едно да се случи. Да се навикнете вие, драги шаренковци, дека на било кои избори во блиска иднина, и вие и партијата која ви појачуваше цифри и актерите кои ги правеа овие ступидни вандалски баханалии, ќе загубите. И нема да биде тоа затоа што народот е глупав, власта диктаторска, полицијата партиска или медиумите поткупени. Не драги мои шарени и СДСМовци. Ќе загубите од една проста и едноставна причина – на сите пари од странство, обуки, ПР совети, глумења жртви, лажен алтруизам, лажни тези и вести кои се самодемантираат, на сето тоа – не знаете како да победите. Толку едноставно. А ќе победите 4 години од кога ќе го сфатите следново, НЕ Е ДО НАС, ДО ВАС Е…….
Да ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА !
 Пишува: Алекс Ванко 
филозоф, писател, аналитичарКолоната на оклопни транспортери и по

Пронајдете не на следниве мрежи: