Денот на раѓање и карактерот: Вторник се родени борбените, а во сабота зрелите

Во недела се раѓаат среќните
Ова е ден под влијание на Сонцето, според древните начела се смета за прв ден од неделата. Според народното верување, недела е многу среќен ден за раѓање на дете. Луѓето родени во недела се харизматични, весели и оптимисти. Тие се во постојана потрага по нешто различно и не ги почитуваат правилата. И покрај тоа се стабилни, а најчесто ги следи среќа во животот.
Родените во понеделник се многу емоционални
Понеделник е управуван од страна на Месечината, според народната традиција во годината има само три понеделници, кои се сметаат за несреќни – првиот понеделник во април, вториот понеделник во август и последниот во декември. Како што месечината не е постојана, така се и луѓето родени во понеделник, а најголемо влијание врз нив имаат емоциите. Важно им е во животот да имаат солидна основа, како што се семејството, пријателите и партнерите од кои ја црпат нивната сила.

Во вторник се раѓаат борбени и темпераментни
Вторник е именуван по планетата Марс, која според римското верување е бог на војната. Оние луѓе кои се родени на овој ден носат голема сила, борбен дух и упорност да ги постигнат своите цели. Сепак, под влијание на Марс, тие се немирни и имаат тенденција да се нервираат.
Среда се раѓаат интелигентни и експресивни
Среда била именувана по планетата Меркур, кој бил римскиот бог на трговијата, патувањето и науката. Затоа, луѓето родени на овој ден ги краси интелигенција, елоквентност и големо влијание врз другите луѓе. Сепак, наследиле и одреден немир и љубопитност поради кои им се потребни постојано предизвици за да функционираат.
Четврток е ден на оптимистите и независните
Четврток е управуван од страна на Јупитер, кој во митологијата е богот на грмотевицата и дождот. Тоа е симбол на експанзија, оптимизам и добар хумор што ги краси луѓето родени во четврток. Тие имаат силно изразена потреба за слобода и независност и ретко остануваат долго во едно место.

Петок се раѓаат уметнички типови
Петок е денот на планетата Венера, симболот на убавината, љубовта и удобноста. Луѓето родени на овој ден се под влијание на Венера и затоа се сензуални и уметнички типови. На некој начин, тие живеат во свој свет, а склони се кон идеалистички поглед на светот и романтични фантазии. Сакаат и ја ценат убавината и со неа се трудат да го исполнуваат нивниот живот.
Сабота е ден на разумни и практични
Сабота е денот на планетата Сатурн, кој во римската митологија е богот на земјоделството и жетвата и синот на мајката Земја. На луѓето родени на овој ден Сатурн им носи карактеристики како што се практичност, рационалност и зрелост. Тие веќе во младата возраст се позрели од нивните врсници и сакат да планираат. Тешко ги поднесуваат промените поради сомнежите во себе, но тие всушност им користат. Во недела се раѓаат среќните
Ова е ден под влијание на Сонцето, според древните начела се смета за прв ден од неделата. СпДеновите во неделата ги добиле имињата по седумте видливи планети, а во антиката се верувало дека денот на раѓање во неделата има големо влијание на карактерот на човекот и неговиот животен пат. 

Пронајдете не на следниве мрежи: