Најголемиот светски настан посветен на дигиталната револуција по трет пат се обележува и во Македонија под мотото „Ставете вистинска насмевка на аватарите кои ги следите секој ден“. На 30 јуни веќе петта година по ред илјадници луѓе го одбележуваат Денот на социјалните медиуми (Social Media Day). Локалната програма оваа година вклучува петнаесетина говорници- познати твитерџии, граѓански активисти и успешни претприемачи, кои со учесниците ќе ги споделат своите знаења, искуство и позитивни кампањи.„Денот на социјалните медиуми е настан којшто го организираме секоја година, пред сѐ бидејќи заедницата го очекува тоа од нас. Целта ни e на едно место да се соберат професионалци, компании, ентузијасти и „зависници“ од социјални медиуми, да разменат искуство и да се дружат“ – вели Наталија Трајчевска од агенцијата Њу медиа, организатор на настанот трета година по ред.
За да им се овозможи на што поголем број учесници да бидат дел од настанот, локацијата се менува секоја година. Во претходните години караванот прошета низ Прилеп, Тетово, Куманово, минатата година беше на Велешко Езеро, а годинава местото на настанот е ергелата Стара круша во Волково. Деталната програма и сите останати детали поврзани со настанот се објавени на https://newmedia.mk/smday.
„Од година во година, заинтересираност за учество на настанот се повеќе се зголемува, што особено не радува“- изјави Дарко Булдиоски, еден од организаторите на настанот. „Започнавме како неформална дружба за денес да имаме настан со богата програма и голем број поддржувачи“ .
Меѓу пријателите на настанот веќе трета година е Џабест а од оваа се придружија и Кока кола, Скопско, Бадел Пелинковец, Фрагмент комуникации, Монстер, Смоки и Зиги. Официјалниот дел на програмата започнува во 17.30 часот, а по завршувањето планирана е и неформална дружба. „Денот на социјалните медиуми е настан којшто го организираме секоја година, пред сѐ бидејќи заедницата го очекува тоа од нас. Целта ни e на