„Денови на детски филм“ низ Македонија

Ние во продукциската и дистрибутерска куќа „Узенгија“ добро знаеме дека анимираните филмови можат да ја интригираат бујната детска фантазија. Водени од таа мисла, но и од желбата да го доближиме анимираниот филм до децата во целата република, го организираме проектот „Денови на детски филм“ . За првпат во поновата историја кај нас во повеќе од 10 киносали, т.е. домови и центри на културата, во земјава до средината на мај ќе се прикажуваат анимирани филмови за деца.
Водени од концептот „помалку е повеќе“, убедени сме дека нашиот скромен избор ќе ги збогати животите на жителите на целата република. Најмладите гледачи во Гостивар, Делчево, Куманово, Неготино, Прилеп, Струга, Тетово, Велес, Охрид, Штип, Гевгелија, Битола и Кавадарци ќе уживаат во четири анимирани филмови синхронизирани на македонски и на албански јазик.
„Деновите на детски филм“ тргнаа од Скопје изминатиов викенд. Во киното „Фросина“ на Младинскиот културен центар две мачки ја раскажаа „Пим и Пом – Големата авантура“, Лео познат и како „Детето фантом“ покажа како се станува невидлив и се поминува низ ѕидови.
Како продолжение на оваа акција, во месец мај ќе бидат достапни уште два анимирани филма за најмладата публика во уште повеќе центри на културата низ земјава. Идниот месец на големите платна низ градовите во нашата земја, 11- годишниот Џонатан ќе се бори со џиновска мечка во „Големата мечка“, а едно момче ќе мора да ги спаси своите пријатели од стапицата на злобната кралица во „Тор и легендата за Валхала“.
Филмовите се избрани специјално за уживање на младите гледачи од 4 до 10 години со целосна синхронизација на македонски или на албански јазик. Синхронизацијата на филмовите е поддржана од Агенција за филм на Република Македонија.
Со задоволство ве чекаме заедно да нурнеме во светот на анимацијата!
Повеќе за филмските доживувања:
„Пим и Пом – Големата авантура“, синхронизиран на македонски и на албански јазик, раскажува за пријателството меѓу импулсивните и авантуристички Пим и  Пом кое ќе биде ставено на тест, кога тие се соочуваат со обидуваат да го најдат патот до дома. Пим и Пом се најдобри пријатели кои живеат заедно со „Дамата“. Но, кога нејзините внуки доаѓаат на посета сакаат да ги киднапираат Пим и Пом за да ги имаат само за себе. Откако успеваат да се спасат од девојчињата, мачките мора да научат да живеат на улица. Дали Пим и Пом ќе успеат да го најдат патот до дома? Овој музички, мирен, со доза акција има стилизиран изглед што потсетува на 1960-те и сигурно ќе измами насмевки и кај мајките и татковците. Филмот од 2014 година е во режија на Глорија Смит. Истиот трае 70 минути. Освен номинации на филмските фестивали холандскиот
„Синекид“ и „Црни ноќи“ во Талин, ја доби и наградата на Детското жири на Чикаго интернационалниот детски филмски фестивал.
„Детето фантом“, синхронизиран на македонски и на албански јазик, е всушност Лео, 11-годишно момче од Њуjорк, кое е суперхерој. Лео е во болница и страда од сериозна болест, но дознава дека може да го напушта телото и да лета низ градот, да поминува низ ѕидови како фантом. Се спријателува со Алекс, полицаец, кој привремено е во инвалидска количка. Принудени се да внимаваат на Мари, своеглава новинарка, која тргнува во потрага по злосторникот, а во која Алекс е тајно вљубен. Тие тројца треба да го спасат градот од лошиот и криминален шеф. Станува збор за продукција од 2015 година во режија на Жан-Луп Фелисиоли и Алан Гањол. Филмот трае 84 минути.
„Големата мечка“ синхронизиран на македонски јазик, раскажува за херојството на едно момче по име Џонатан. 11-годишниот Џонатан секое лето престојува кај неговиот дедо, кој живее во густата шума населена со митски суштества. Годинава со него доаѓа и неговата сестра Софи, која постојано ја избегнува. И успева во тоа, но џиновска мечка стара 1000 години успева да ја киднапира Софи. Сега Џонатан мора да отиде во срцето на шумата и да се избори со чудните суштества што живеат таму за да ја спаси својата сестричка.
Станува збор за дански анимиран филм за деца од 2011 година. Филмот е во режија на Есбен Тофт Јакобсен и со времетраење од 75 минути.
„Тор и легендата за Валхала“ синхронизиран на македонски, е приказна за младиот Тор, кој живее среќно заедно со својата мајка во мало и мирно село. Според легендата , тој е син на Один – Кралот на боговите. Поради тоа сите во селото веруваат дека страшните Џинови никогаш нема да ги нападнат, но грешат. Џиновите го срамнуваат селото со земја, а селаните ги заробуваат. Тор се онесвестува за време на нападот и останува во селото. Сега тој со помош на магичниот чекан мора да ги спаси своите пријатели од стапицата на злобната кралица на подземниот свет – Хел. Филмот датира од 2011 година и трае 83 минути. Режијата ја делат Оскар Јонасон, Тоби Генкел и Гунар Карлсон.Ние во продукциската и дистрибутерска куќа „Узенгија“ добро знаеме дека анимираните филмови можат да ја интригираат бујната детска

Пронајдете не на следниве мрежи: