Депилацијата на интимната зона може да предизвика здравствени проблеми

Депилацијата и отстранувањето на несаканите влакна на телото во денешно време се смета за вообичаено одржување на хигиената.Но, експертите предупредуваат дека отстранувањето на целите внатрешни срамни влакна е многу штетно и претставува голем ризик за здравјето.
„Кожата страда за време на депилација. Без разлика кој метод за отстранување на влакната користите, сите се многу штетни! Кожата околу гениталиите е многу чувствителна сама по себе. Отсранувањето на внатрешните срамни влакна го зголемува ризикот од инфекции, но и сексуално преносливи болести и херпес. Овие опасности особено им се закануваат на младите жени“, вели докторката Емили Гибсон.
„Срамните влакна имаат своја цел. Тие се слој кој штити од триење, што може да доведе до оштетување на кожата, како и заштита од бактерии. Отстранувањето ја иритира кожата и може да го воспалат фоликулот на влакното, оставајќи микроскопски отворени рани. Со тоа се зголемува ризикот од инфекции, но и од сексуално преносливи болести“, објаснува Гибсон.
Сепак, изборот и ризикот остануваат на вас.Но, експертите предупредуваат дека отстранувањето на целите внатрешни срамни влакна е многу штетно и претставува голем ризик за здравјето.

Пронајдете не на следниве мрежи: