Депонијата во Струга од вчера попладне повторно гори. Оваа фотографија е направена денеска, а на неа се гледа дека чадот од депонијата оди директно кон градот и околните села. Целото фијаско околу гушењто на Струга е спој на неодговорност на владата на Зоран Заев, носителката на листата Радмила Шекеринска, неговите министри Зоран Шапуриќ и Рамиз Мерко, довчерашниот градоначалник Зијадин Села и актуелниот градоначалник Мустафа Забзун.За зал, пожарите на депонијата во Струга станаа редовна појава, а општина Струга и државата последниов месец целосно потфрлија додека Струга и околните места се гушат веќе со недели. Истовремено, МВР на Оливер Спасовски не ја обезбеди депонијата, со цел да се спречат пожарите.
Револтирани стружани ноќеска оставиле ѓубре пред општинската зграда со цел да им укажат на надлежните дека треба да се преземат мерки за надминување на проблемот и постојан надзор над депонијата за да не дојде до повторно палење.
Густиот чад, којшто синоќа се ширеше од депонијата, ветерот го носеше над градот, што предизвика реакции кај стружани.
Глигорие Ќатоски, претставник на граѓанската иницијатива „Доста“, информира дека доколку надлежните не ги исполнат нивните барања за дислокација на дивата депонија, која според него, претставува опасност по здравјето на стружани, граѓаните ќе преземат порадикални мерки меѓу кои блокирање на магистралните патишта, а не е исклучено ниту блокирање на граничниот премин Ќафасан.
-Потрошивме 100-тици илјади евра да ја изгаснеме и затрупаме депонијата, но не е затворена. Општина Струга на истото место повторно одлага отпад. На последниот протест предупредувавме дека и ова може да се случи, отпадот да заврши пред општинската зграда, истакна Ќатоски.
Целото фијаско околу гушењто на Струга е спој на неодговорност на владата на Зоран Заев, носителката на листата Радмила Шекеринска, неговите министри Зоран Шапуриќ и Рамиз Мерко, довчерашниот градоначалник Зијадин Села и актуелниот градоначалник Мустафа Забзун.За зал, пожарите на депонијата во Струга станаа редовна појава, а општина Струга и државата последниов месец целосно потфрлија додека Струга и окол