Џеред Лето конечно проговори за својата нова улога.Во неодамнешно интервју, Лето се отвори на тема улогата на Џокер во најновиот филм „Одредот на отпишаните“. Наводно, тој се чувствува измамен. Еве и зошто.
Според Лето, тој не се согласил да биде дел од филм што ќе го претстави волку различно од тоа што било договорено на почетокот. Улогата требала да биде повеќе „уметничка“, и токму затоа не се тревожел за коментарите околу изгледот, со кои фановите го нападнаа уште пред да излезе филмот.
Тој исто така изјави дека се уште не го гледал филмот, бидејќи е разочаран откако дознал кои делови со него ги исекле и ги нема во филмот. Лето тврди дека со договорот што го потпишал му било забрането во филмот да прави опасни работи, што всушност и најмногу ги сака, како на пример качување по карпи.
Инаку, „Одредот на Отпишаните“ излезе на почетокот на овој месец и се соочи со доста сурови критики. Иако зеленокосиот негативец не се појавува многу во него, Лето тврди дека снимил доволно сцени со Џокер за да се исполни цел филм.
Во неодамнешно интервју, Лето се отвори на тема улогата на Џокер во најновиот филм „Одредот на отпишаните“. Наводно, тој се чувствува и