Во здравствената инфраструктура во тек е инвестициски циклус во вредност од 74,6 милиони евра, што заедно со инвестицијата од 128 милиони евра за новиот Клинички центар во Скопје изнесува над 202 милиони евра, изјави денеска министерот за здравство Никола Тодоров.
– Здравствената инфраструктура е еден од најзначајните аспекти за постоење развиен здравствен систем и ова е најголемиот инвестициски циклус спроведен во независна Република Македонија, рече Тодоров.
Посочи дека најголем дел од овие инвестиции треба да бидат завршени во текот на оваа година, освен новиот Клинички центар чија градба е предвидена да биде 45 месеци од моментот на воведување во работа, како и инвестицијата во Општата болница во Кичево и Ургентниот центар во Куманово.
– Во тек е изградбата на новата Клиничка болница во Штип, што е најголемиот инфраструктурен зафат во македонското здравство. Во моментот се изведуваат градежни работи на третото ниво, а целокупната градба се очекува да заврши во вториот квартал на 2018 година. Отпочнати се градежни работи за темелна внатрешна реконструкција на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“. Рокот за извршување е до крајот на годинава, а инвестицијата изнесува околу 2 милиони евра, изјави Тодоров.
Најави дека во тек е и реновирање и адаптација на објектот на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. Тоа е инвестиција вредна 3,5 милиони евра и треба да биде завршена во втората половина на годинава.
– Во тек е целосна реконструкција на болничкиот објект во Кичево. Тоа е објект што е започнат на почетокот на независноста на Република Македонија и се предвидува инвестицијата да биде над 5,3 милиони евра. Исто така, во тек е реконструкција на Општата болница во Велес, во вредност од 340 илјади евра, што треба да биде завршена оваа година. Интензивно се одвиваат градежните работи на постојниот болнички објект на Општата болница во Струмица, што е инвестиција од 4,2 милиони евра, и треба да биде завршен до крајот на годинава, рече Тодоров.
До тогаш се очекува да биде завршена изградбата на бункер во Градската општа болница „8-ми септември“ за инсталирање на акцелератор и почеток на онколошко одделение, што е инвестиција од над 800 илјади евра.
– Во болницата во Битола е во финална фаза комплетната надворешна реконструкција во вредност од 1,7 милиони евра. Во тек е комплетна темелна реконструкција на прилепската болница во вредност од над еден милион евра, што очекуваме да заврши до средината на март оваа година. Се одвиваат и градежни активности за изградба на нов Ургентен центар во Куманово, инвестиција во вредност од 750 илјади евра, што треба да заврши на почетокот на 2018 година, рече Тодоров.
Тој информираше дека тендерот за изградба на новиот Клинички центар во Скопје е објавен и досега над 20 реномирани странски и домашни компании искажале интерес и подигнале документација. – Рокот за доставување понуди е до утре во 12 часот, а отворањето е утре во 14 часот, по што ќе следи периодот на евалуација, истакна Тодоров.
– Здравствената инфраструктура е еден од најзначајните аспекти за постоење развиен здравствен систем и ова е
Пронајдете не на следниве мрежи: