Десет години Импотенција, Корените на една политичка фрустрација

Поминуваме на домашен терен драги мои. Инспирација за насловот ми беа зачестените поставки на “Драматургот“ на македонското медиумско небо и секако нивната еманација по социјалните мрежи. 
Македонија е земја на неколку ендемски видови, животни,билки кои можат да се најдат само тука и на никое друго место на светот. Од неодамна ендемското небо на Македонија е збогатено со уште еден бисер. Опозициска политичка партија која НЕ САКА избори?!? Да, зборуваме за ендемските Социјалдемократи од Македонија. Да биде плот твистот уште позамрсен, тие сакаат да седат во влада. Сакаат да владеат. Па макар и во техничка влада, рамо до рамо со оние кои ги нарекуваат диктатори. Избори? Не додека глупавиот плебс не си дојде на разумот и го познае природниот талент за владеење на оваа чудна политичка дружина. Ту мач Фројд? Апсолутно. Но да тргнеме од почеток.
Денешниве македонски нео-комунисти или како што самите љубат лажно да се претставуваат како социјалдемократи, се дете на поранешната комунистичка партија на Македонија и резултат на нејзината децениска bad parenting стратегија. Се работи за класичен случај на моќен родител и дете кое не ги исполнило очекувањата. Моќната комунистичка партија на Македонија се роди со почетокот на 20-тиот век како едно логично, хуманистичко – алтруистичко “НЕ„ на крупниот капитал. Едно затоа време модерно и авангардно движење кое со текот на годините ќе прерасне во глобален феномен со импакт далеку поголем од колку што се очекуваше. Годините во илегала на македонските комунисти, калењето низ протести, отпор кон мохархијата на СХС со акцент на големо српската иредента на овие простори, ги направи најподготвена сила кога втората светска војна и баучот на нацизмот затропаа на врата. Комунистите „на маса“ ја добија монархијата а на терен беа најподготвени да одговорат на заканата. Влегоа во клинч, се бореа и на крајот на 1944-та излегоа како победници, на страната на „големите момци“. Тоа произведе полет и оптимизам кој ќе трае се до средината на 70-тите години на минатиот век. Одеднаш, по војната, подрумските глувчиња ( како што ги нарекуваа нивните противници, тогашната монархистичка елита ) станаа фактор. Набилдан со искуство, прекален низ борба и полн со тестостерон. Народните маси беа во екстаза. Се извикуваа пароли, се пишуваше историја, зборот народ доби на тежина а неговите воени херои беа мавериците на обновата. Како што беа на „браникот“ на државата, менувајќи ги воените униформи со одела од домашно производство, застанаа на чело на обновата.
И мора да се признае со должна ограда од идеолошките догми, дека воспоставија систем кој функционира. И така беше со децении. Се додека комунистичката елита непочна да ја стига времето. Како поминуваа годините се појасно се наметнуваше потребата да се создаде нова генерација водачи кои ќе бидат адекватна замена на луѓето прекалени низ борба и работни акции. Токму тогаш е засадено семето на фрустрација и политичката импотенција кое денеска го гледаме низ ликот и (не) делата на денешните македонски социјалдемократи.
Комунистите не сакаа нивните деца да се мачат. Сметаа дека тие доволно дале и пропатиле за да нивните деца поминуваат низ било каква борба. Тука беше грешката. Се правеше се за децата на функционерите добиваат привилегии вон пропишаното со комунистичкиот манифест, да им се прогледува низ прсти во образованието, дисциплината, да се забошотуваат нивните младешки лудории и да бидат изнесувани од милициските станици на задна врата во доцните вечерни часови кога чесниот народ спиеше. Се создадоа касти во сите пори на државата. Син, татко и дедо беа доктори, судии, архитекти, директори,професори… Не се водеше грижа за капацитетот на личностите, презимето беше доволна препорака. Се роди „црвената буржоазија“ и тезата дека сите сме еднакви но некои се по еднакви од останатите. Комунистите успеаја во stelt mode да внесат наследност на функциите, монархистички принцип, во комунистичката идеологија. Но балонот на некомпетентност мораше еднаш да пукне. По смртта на Тито, врзивното ткиво на идеологијата почна да попушта. Беа потребни само 10 години за меурот комплетно да пукне. Кон крајот на минатиот век сведочевме на крвави војни кои всушност беа борби за дел од колачот од „комунистичката монархија“. Се жртвуваше она што беше најевтино, народот. Македонците чудесно избегнаа крвав расплет и тоа тогаш се припишуваше на грандиозната мудрост на комунистичката елита. Всушност тие ништо не направија, само не беше дојден редот на нас. Така си ги обезбедија сопствените позиции за наредните 15 години со мали прекини во „демократскиот дискурс“ кои успешно ги решија со византиски доктрини. Тоа беше само маскирање на проблемот, на импотенцијата која толку грубо ни беше фрлена пред очи 2006-та година. Од тогаш се до денес сме сведоци на една политичка немоќ, интелектуална мимикрија и пораз до пораз на внуците на прекалените борци од втората светска војна.
Проблемот е очигледен, немање капацитет. Вештачките првенци на генерација чие најголемо достигнување беше презимето на дедо,се најдоа во за нив непозната ситуација.
Квалитетните кадри со идеја брзо се качија во бродот на соперникот што беше дополнителен удар за егото и суетата на „избраните“. Во отсуство на идеја, на стратегија како пак да дојдат на власт во прво време збунети чекаа self inflicted повреди во кампот на политичкиот противник ВМРО-ДПМНЕ. Такво нешто не се случи. Напротив, ВМРО- ДПМНЕ го искористи вакуумот и просторот оставен од импотентните нео комунисти да се реструктуира, ребрендира и напумпа со тестостерон. Тестостерон кој извираше токму од оние „ниски слоеви“ на плебсот кои беа достојни само да заокружат социјалдемократ на избирачка листа без да се прашаат зошто. Перцепцијата беше сменета а СДСМ затекната.
Тогаш почнаа да се расфрлаат со идеи за државотворност истите оние кои на прогласувањето на независноста инсистираа да се интонира југословенската химна.
Тактиката се сведе на извикување револуционерни пароли без концепт и идеја. Црвениот крал беше гол, да биде уште пострашно и без ерекција. Народот, глупавиот народ како што тие љубат да го нарекуваат нагалено, имаше фронтален поглед на еректилната дисфункција на своите некогашни идоли. Мачизмот на Црвенковски беше некое време доволен да генерира привид на силина, кохезија и визија но соочени со реални дела, говорите на лидерот почнуваа да делуваат како далечно ехо на едно време за кое беше се поизвесно дека нема да се врати повеќе. Елитните членови на партијата живееја финансиски удобно и во новата ситуација. Тука беа кириите од сите установи кои ги вдомија кај свои членови, НВО парите, кои овозможуваа лагоден живот, егзотични патувања по светот и сите благодети кои парите ги носат со себе. Но тоа не беше доволно.
Желбата за власт е страшно чудовиште, особено кога сте растени со мислата дека таа ви припаѓа како наследно право и боли сликата кога гледате некој друг на „вашето место“.
Како љубовник оставен поради слабите перформанси во кревет со чувство дека не е потребен, кому дури ни НВО вијаграта не му беше доволна да поврати дел од самодовербата, наследниците на комунистите решија да одат до крај. Решија да прават реприза на 2001-ва со поголема магнитуда. Свесни за сопствената импотенција на терен, меѓу народот, решија да одат на последната карта, онаа која за чудо секогаш им била наклонета, меѓународниот фактор. Колку и да е чудна желбата на тој фактор да избира секаде и секогаш импотентни партнери, се е појасно кога ќе се погледа од аспект на нивните low maintenance потреби. СДСМ соочен со неможноста на терен сам да ги изменаџира ситуациите, со свој труд и идеи да дојде до толку посакуваната власт, клекна на колена и му го даде посакуваното фелацио на странскиот „чадор“. Со оглед на импотенцијата „таму долу“, оралката беше логичен след на настаните. И така сцената беше поставена за реприза на 2001-ва. Но работите на терен не кореспондираа со желбите на импотентните комунистички внучиња. Ни „бомбите“, ни паролите за слобода еднаквост и правда напумпани со белосветски пари не помогнаа. Чадорот, иако поставен врз гениталниот регион не можеше да ја скрие болната вистина. Во последнава година сме сведоци на тотално соголување на нешто што е во принцип плод на лошата селекција од минатото. Имаше и ќе има уште плацебо обиди како оној наречен СЈО како последна можност на народот да му се продаде шеќерна водичка за лек но народот нема друго освен да издржи и да се избори за она што верува дека е правилно. Изборот е меѓу импотенција и некомпетенција, лажна интелектуала и безидејност наспроти нешто опипливо. Треба да се издржат два месеци прикзни за „фантомски гласачи“, неизбежен банкрот ( го чекаме од 2012 ), лажни лични карти ( look how that turned out ) и што уште не, со тешка задача пред неспособната Катица Јанева да стави малку „мевце“ на „револуционерниот“ скелет на дезинформации и лаги. Тоа е капацитетот, тоа и штимувани анкети од типот ако не овој петок, тогаш другата среда ќе ги прескокнат ВМРО- ДПМНЕ во рејтингот. Тажна слика на немоќ во која ни на платена, нарачана анкета не можете да се претставите себеси како победник туку само како достоен лузер.
На Македонија и треба опозиција. Не ваква, не СДСМ. Да ги пратиме на „лечење“ во јуни.
За нивно добро. Па и ако не се вратат, никому нема да недостасуваат.
LET THE HEALING BEGIN!!!
Пишува: Алекс Ванко
Филозоф, писател, аналитичар
  
Македонија е земја на неколку

Пронајдете не на следниве мрежи: