Десет митови за авионите во кои и понатаму се верува

Митови за авионите во кои се верува!Сигурно ви се има случено да се запрашате како таа огромна машина како што е авионот успева да се одлепи од земјата и да полета? За сите нас авионите представуваат речиси вистинска мистерија, па затоа и не ни е чудно што во некои митови за нив сè уште се верува.
1. Многу е ризично, да ја отворите вратата во текот на летот
Не е точно. Кога авионот лета, кабината е под притисок а тоа значи дека е потребна надчовечка сила за да се отвори вратата. Патрик Смит, кој е пилот изјави:
-Не можете, и не повторувам, не можете да ја отворите вратата или безбедносните излези додека авионот лета. Не можете да ги отворите поради една причина: притисокот во кабината не ви го дозволува тоа.
2. Доволна е една малечка дупка за сите патници да бидат исшмукани од авионот
Смит објаснува дека експлозиите и крупните грешки во склопувањето на авионот можат да предизвикаат катастрофална и брза декомпресија, додека дупката на трупот на авионот е сосема друго. Смит опишува случај кога авион на “Алјаска” морал принудно да слета поради дупка од околу 30 сантиметри, но сепак ниту еден патник не бил исшмукан.

 
3. Човекот побрзо влегува во пијана состојба додека лета во авион
Не е точно. Но, со оглед на тоа дека во авионот не владее истиот притисок како оној на нивото на морето, и дека во авионот во лет има помалку притисок во воздухот, може да имате чувство како да сте пијани.
4. Во авионот често се исфрлаат фекалии при самиот лет
Многу луѓе пријавиле дека ги погодил летачки отпад од авион, но тоа е невозможно. Повторно тие закони на физиката. Сојузната администрација за авио сообраќај (FAA) објави свое известување: “Физички не е можно пилотот да го празни резервоарот со отпат додека авионот лета”.
5. Во авион доколку седите на WC шолја можете да се заглавите доколку пуштите вода во истиот момент
Да, точно е дека можете да се заглавите, но само во случај кога вашето тело ќе гo постигне совршениот вакумски спој со тоалет шолјата, а тоа е речиси невозможно да се постигне. Адам Севиџ од емисијата “Разбивачи на митови”, се обиде со професионални мерки и соврешни мерки и записи, но сепак без успех.

 
6. Воздухот кој циркулира низ авионот шири болести
Ова изгледа навистина логично, но Патрик Смит ја смирува ситуацијата и појаснува:
-Воздухот се движи и циркулира се додека не дојде до долниот дел на трупот, од каде половината се издувува надвор од авионот, додека останатиот поминува низ филтерите, а потоа се меша со свежиот воздух со што овој циклус се повторува.
7. Појасот ги намалува шансите да преживеете авионска несреќа
Не е погрешно да мислите дека појасот може до некаде да попречи во ситуацијата да итно треба да го напуштите авионот, но далеку е покорисен отколку што може да наштети.
8. Пилотите можат да го контролираат протокот на воздух се со цел да заштедат гориво
Патрик Смит повторно има точна информација:
– Идејата за намалување на нивото на кислород е бесмислена.Нивото се регулира при автоматски процес на одржување на атмосферскиот притисок во кабината.

 
9. Маските за кислород се измама, и служат за смирување на патниците при несреќа
Оваа идеја, која ја пропагираше ликот Тајлер Дарден во филмот “Боречки Клуб”, далеку е од вистина, вели Смит. Ако кабината го изгуби притисокот патниците би морале да дишат на висина од 10.000 метри, каде што нема доволно кислород. Додека пилотите не го спуштат авионот на околу 3.000 метри, каде што воздухот е богат со кислорот, маските помагаат да дишат нормално, што е од големо значење за патниците.
10. Нема шанси да преживеете авионска несреќа
После падот на вионот “Асиан” на летот 214 беше неверојатно што 304 од 307 патниците преживеаа. Податоците на Националната комисија за безбедност во сообраќајот велат дека 95% од патниците кои доживеале авионска несреќа во американските авиони помеѓу 1983-та и 2000-та година преживеале. А тоа е благодарение на строгата регулатива која од модерните авиони бара да бидат отпорни на пожар, лесни за евакуација и способни да преживеат големи удари, а притоа да не се распаднат.
Извор: Think.mkСигурно ви се има случено да се запрашате како таа огромна машина како што е авионот успева да се одлепи од земјата и

Пронајдете не на следниве мрежи: