Десет најчести сонови и нивното значење

Десет најчести сонови и нивното значење!1. Сонувате дека паѓате
Ова е најчеститот сон, а се поврзува и со умирање на сон.Вообичаено во сонот се појавува и страв. Значењето е дека мора доволно добро да ја процените моменталната ситуација во животот. Веројатно не се чувствувате добро и ви треба поддршка.
 
2. Голи во јавност
Еден од највоовичаените сонови.Има поврзаност со вашите морални вредности и срамот кои го чувствувате поради нешто. Нешто сте сториле од што се срамите, па затоа сонувате вакви сонови.
3. Поправање на заби или нивно губење
Многу луѓе имаат ваков сон, а често толкувачите на сонови го поврзуваат во негативна конотација и го толкуваат ако болест, смрт. Ако не ве боли значи не  е поврзано со ваш близок.Овој сон не мора да го значи баш тоа, туку едноставно имате болки и непријатности со вашите заби, а може да се толкува и како агресивност која имате потреба да ја искажете а сте ја потиснале.
4. Бегство, потрага…
Децата имаат често вакви сонови, каде што бегаат се кријат од некој лош или некое чудовиште, но и возрасните.Открива психичка ранливост, страв, опасности со кои ви е страв да се соочите во реалноста. Покажува дека се чувствувате загрозени!
5.Болест или смрт!
Најчесто ние сме болни, но неретко се случува да сонува и некој близок да е болен. Се поврзува со стравот од болести. Овој сон може да го сфатите како предупредување повеќе да се грижите за своето здравје. 

 
6.Доцнење
Доцните на лет или пак важен состанок. Тоа значи дека се плашите дека другите ќе ја загубат довербата во вас.
7.Паѓање на испит
Карактеристичен сон за многу категории на луѓе.Полагање на тест значи дека некој друг не оценува, па затоа овој сон претставува дека се плашите од туѓото мислење. Но, претставува и страв од емотивно разоткривање.
8.Изгубени сте
Се јавува како последица на кавга во реалниот живот. Значењето му е дека се чувствувате беспомошни и имате потреба да донесете одлука за нешто.
9. Неисправна опрема
Расипан мобилен, компјутер или друга опрема која ја користете. Покажува дека се плашите и дека нешто во животот не ви функционира нормално.
10. Голем бран
На море сте и одеднаш надоаѓа голем бран. Чест сон кај луѓе кои поминале неодамна низ некоја несреќа.Личностите кои сонувале како се дават во некој голем бран многу тешко поминале низ некој настан во животот. Се однесува на тежок емотивен настан. Слично толкување е и кога на сон се наоѓате на место каде што има земјотрес или пожар.1. Сонувате дека паѓате
Ова е најчеститот сон, а се поврзува и со умирање на сон.Вообичаено во сонот се појавува и страв.

Пронајдете не на следниве мрежи: